OTOSAN Natural Капки за уво, 10 мл

Otosan Gocce Natural Ear Drops Bio Organic Extracts Kapki za usi
OTOSAN Natural Капки за уво, 10 мл
273,00 ден.
0
Производот сѐ уште не е оценет
Бренд
Шифра
053441C
favorite_border

Опис на производот

Otosan Gocce Natural Ear Drops Bio Organic Extracts - Медицинско средство наменето за одржување на здравјето на ушите, со отстранување на прекумерната количина на ушна маст и спречување на нејзино прекумерно создавање. Ушната маст може да се акумулира во ушниот канал и да предизвика различни состојби како зуење, свирење, чувство на позадинска бучава, неизедначен притисок во ушите, иритација на кожата, намалување на слухот, болка и вртоглавица. 

  • За возрасни и за деца над 36 месечна возраст

  • Органски БИО екстракти

  • Со есенцијални масла од органски растенија, прополис и црна рибизла познати со своите карактеристики во омекнување, чистење и заштита

  • Дерматолошки тестирано

  • Не содржи вештачки бои и конзерванси

  • Состојки од природно потекло

Помага во отстранување на прекумерна количина на ушна маст, ја омекнува кожата на ушниот канал и го намалува исипот и црвенилото, го чисти ушниот канал, го намалува чувството на сува кожа, општо го одржува здравјето на увото.

Благодарение на присуството на органски масла, прополис и црна рибизла (Ribes Nigrum) се смирува исипот и црвенилото на кожата, длабинско го чисти и заштитува ушниот канал, ги намалува симптомите на сува кожа.

  • Масло од слатки бадеми - одличен омекнувач, ја прави кожата мека и еластична. Поради неговата карактеристика за добра прифатливост, може да се користи на пречувствителна кожа

  • Масло од црна рибизла - со високата содржина на омега-3 масни киселини

  • Органско масло од борона - ефикасен омекнувач, ја подобрува хидратацијата и еластичноста

  • Прополис - супстанција добиена од пчели, со изразени хигиенски карактеристики

  • Органско есенцијално масло од гераниум - омекнува и контролира лачење на себум

  • Органско есенцијално масло од смрека - има улога на мелем

  • Органско есенцијално масло од кајупут - екстракт од тропско растение

  • Органско есенцијално масло од каранфилче - содржи еугенол

  • Бисаболол – има антиоксидативни карактеристики

  • Витамин Е - со заштитно и хидратантно дејство.
     

Нежен и ефикасен производ, погоден и за лица кои користат апарати за слух и како и за пролонгирана употреба.

Пакување: 10 мл стаклено шише со вградена капалка.

Состав:

Масло од слатки бадеми Prunus Amygdalus Dulcis; масло од црна рибизла Ribes Nigrum 2.5%; прополис екстракт; органско масло од семе на борона Borago Officinalis*; масло од плод на смрека Juniperus Communis*, масло од кајупут Melaleuca Leucadandron Cajaputi* бисеболол, масло од гераниум Palargonium Graveolens*, цитронелол, гераниол, лимонене, еугенол, линалол, цитрал, масло од каранфилче Eugenia Caryophyllus Bud*

Токоферол, несапунифицирано масло од соја, несапунифицирано масло од семки на сончоглед Helianthus Annuus, изоеугенол.

*биолошко/органско потекло

Употреба:

Навалете ја главата на страна и капнете 4-5 капки во увото. Држете ја главата навалена неколку минути, за да почнат да делуваат капките. Потоа нежно исчистете го вишокот. Употребувајте го производот еднаш неделно за да превенирате акумулација на ушна маст; 2-4 пати на ден во тек на 3-5 дена ако веќе се има акумулирано прекумерна количина на ушна маст, кожата е иритирана и црвена.

Консултирајте се со вашиот лекар ако симптомите перзистираат.

Предупредување:

Користете на собна температура (од 8 до 25°С). Немојте да го изложувате шишето на директна сончева светлина и топлина. Да не се користи во случај на позната пречувствителност на која било од состојките на производот, перфорација на тапанчето или заболување на увото. Во случај на појава на несакани дејства, прекинете ја употребата на производот и веднаш консултирајте се со Вашиот лекар. Да се чува на места недостапни за деца. Производот не е наменет за деца под 36 месечна возраст. Внимавајте да не ги проголтате капките. Да не се употребува ако кожата на ушниот канал е оштетена. Избегнувајте контакт со очите. Немојте да го користите производот за било која друга намена, освен за онаа која е специфично наведена од страна на производителот во овие инструкции за употреба.

Несакани дејства:

Нема податоци за појава на несакани дејства или контраиндикации за употреба на Otosan® Natural Ear Drops вклучувајќи и употреба кај деца и бремени жени и доилки.

Содржина

Состојки: Масло од слатки бадеми Prunus Amygdalus Dulcis; масло од црна рибизла Ribes Nigrum 2.5%; прополис екстракт; органско масло од семе на борона Borago Officinalis*; масло од плод на смрека Juniperus Communis*, масло од кајупут Melaleuca Leucadandron Cajaputi* бисеболол, масло од гераниум Palargonium Graveolens*, цитронелол, гераниол, лимонене, еугенол, линалол, цитрал, масло од каранфилче Eugenia Caryophyllus Bud* Токоферол, несапунифицирано масло од соја,  несапунифицирано масло од семки на сончоглед Helianthus Annuus, изоеугенол.
*биолошко/органско потекло

Употреба: 

  • Деца од 3 до 12 години: капнете по 2 до 3 капки во увото
  • Адолесценти над 12 години и возрасни: капнете по 4 до 5 капки во увото

Навалете ја главата на страна и капнете од капките во увото. Држете ја главата навалена околу пет минути, за да почнат да делуваат капките. Потоа нежно исчистете го вишокот. Употребувајте го производот еднаш неделно за да превенирате акумулација на ушна маст; 2-4 пати на ден во тек на 3-5 дена ако веќе се има акумулирано прекумерна количина на ушна маст, кожата е иритирана и црвена. 
Консултирајте се со вашиот лекар ако симптомите перзистираат. 

Предупредување: Користете на собна температура (од 8 до 25°С). Немојте да го изложувате шишето на директна сончева светлина и топлина. Да не се користи во случај на позната пречувствителност на која било од состојките на производот, перфорација на тапанчето, отитис или други инфекции на увото. Во случај на појава на несакани дејства, прекинете ја употребата на производот и веднаш консултирајте се со Вашиот лекар. Да се чува на места недостапни за деца. Производот не е наменет за деца под 36 месечна возраст. Внимавајте да не ги проголтате капките. Да не се употребува ако кожата на ушниот канал е оштетена. Избегнувајте контакт со очите. Немојте да го користите производот за било која друга намена, освен за онаа која е специфично наведена од страна на производителот во овие инструкции за употреба. Ако за нешто се сомневате, консултирајте се со Вашиот лекар или фармацевт. Производот не се препорачува за употреба кај бремени жени и доилки. 

Мислења на потрошувачи

Споделете го вашето искуство со овој производ!
Регистрирај се / Најави се