PHARMANOVA Сабесп 80 мг, 25 капсули

Опис на производот
Sabesp Содржи симетикон којшто ја намалува површинската тензија на слузта и гасните меури кои што се наоѓаат во цревата и на тој начин овозможува полесно исфрлување на вишокот акумулирани гасови во гастроинтестиналниот тракт.
Се употребува за:
- Ублажување на симптомите на вишок интестинални гасови, вклучувајќи: надуеност, флатуленција, подждригнување
- Отстранување на гасови и воздух од стомачната празнина пред радиолошки дијагностички испитувања, испитувања со ултразвук и ендоскопија
Пакување: 25 меки капсули
Содржина
Состав:
Една желатинска капсула содржи: 80 мг симетикон.
Дополнителни состојки: желатин, глицерол, хинолон жолта боја.
Употреба:
- Симптоми на вишок на интестинални гасови: флатуленција, надуеност, подждригнување:
Лица над 18 години: 1 капсула 3-4 пати во текот на 24 часа.
- Подготовка за дијагностички испитувања:
Денот пред тестот: 1 капсула, 3 пати на ден, на денот на тестот: 2 капсули наутро на празен стомак.
Капсулите можете да ги испиете пред, за време на или по јадење со соодветна количина течност (околу 1 чаша вода).
Ако пропуштите доза, не земајте двојна доза за да ја надоместите пропуштената. Не надминувајте ја препорачаната доза.