REPLEK Ибрупрофен актив сируп 100 мг/5 мл, 100 мл

Опис на производот
Ибупрофен Актив припаѓа на групата лекови наречени нестероидни антиинфламаторни лекови. Може да се употребува за ублажување на болка и воспаление при состојби како што се остеоартритис, ревматоиден артритис и сл.
Ибупрофен Актив, исто така, може да се користи за лекување на други болни состојби како забоболка, болки после операција, менструална болка и главоболка, вклучувајќи мигрена. Исто така, може да се користи за краткотраен третман на покачена телесна температура, кај деца на возраст над 1 година.
Пакување: 100 мл
Содржина
Состав: 5 мл сируп содржи: 100 мг ибупрофен.
Помошни супстанции: метил парахидроксибензоат, пропил парахидроксибензоат, глицерол, сорбитол, пропилен гликол, етанол 96%, боја портокалова Е110.
Дозирање:
Возрасни и деца над 12 години: вообичаена доза е 4-6 лажички од 5 мл, три пати на ден. Растојанието помеѓу дозите треба да изнесува 6-8 часа, а најмалку 4 часа.
Деца под 12 години: сирупот не смее да го земаат деца со телесна тежина помала од 7 кг. Вообичаена дневна доза е 20 мг/кг телесна тежина, дадена во поделени дози:
- Од 1-2 години: 2.5 мл (50 мг), 3-4 пати на ден.
- Од 3-7 години: 5 мл (100 мг), 3-4 пати на ден.
- Од 8-12 години: 10 мл (200 мг), 3-4 пати на ден.