REPLEK Оралсепт раствор за промивање на уста и грло, 100 г

Replek Oralsept rastvor
REPLEK Оралсепт раствор за промивање на уста и грло, 100 г
194,00 ден.
0
Производот сѐ уште не е оценет
Категорија
Бренд
Шифра
004195C
favorite_border

Опис на производот

Оралсепт® растворот за промивање на уста и грло се употребува за спречување или лекување на болка и воспаление (црвенило, оток и чувство на топлина) во грлото и устата.

  • Содржи бензидамин хидрохлорид, кој спаѓа во групата на лекови наречени нестероидни противвоспалителни лекови (НСАИЛ)

Оралсепт® растворот се употребува за лекување на различни болни состојби на грлото или устата, вклучувајќи:

  • Воспаление на грло
  • Воспаление на јазик или непца
  • Ранички во устата
  • Непријатност предизвикана од забни протези
  • Болка по стоматолошка операција

Тоа се постигнува со спречување на создавањето на простагландини. Простагландините се природни супстанции што телото ги создава после повреда или инфекција. Тие предизвикуваат зголемување на дотокот на крв во областа на повредата или инфекцијата. Ова резултира со болка, црвенило, оток и чувство на топлина во таа област. Со спречување на создавањето на простагландини, овие ефекти се намалуваат.

Содржина

Активна супстанција: бензидамин хидрохлорид.

  • 100 г раствор содржи 0.15 г бензидамин хидрохлорид

Помошни супстанции: метил парахидроксибензоат, глицерол, етанол 96%, сахарин натриум, натриум хидроген карбонат, полисорбат 60, арома пеперминт, боја хинолин жолта Е 104, боја индиготин Е 132, прочистена вода.

Употреба: Се употребува за плакнење на устата или за гаргарење според следниве упатства:

Возрасни вклучувајќи и постари лица

  • Вообичаена доза е 15 мл раствор (што одговара на 1 голема лажица) на секои 1 ½ до 3 часа
  • Да се промива устата или да се гаргара со 15 мл раствор, 20-30 секунди, а потоа растворот да се плукне. Немојте да го голтате растворот за испирање на уста и грло.

Употреба кај деца и адолесценти

  • Оралсепт растворот за промивање на уста и грло не треба да го користат деца на возраст од 12 години и помали
  • Децата над 12 години треба да ги следат горенаведените упатства за возрасни

Ако имате впечаток дека ефектот на Оралсепт е премногу силен или премногу
слаб, посоветувајте се со Вашиот лекар или фармацевт.

Немојте да го употребувате Оралсепт растворот за промивање на уста и грло непрекинато подолго од 7 дена, освен ако тоа не Ви го каже Вашиот лекар.
Растворот се употребува неразреден, но, ако се појави пецкање, растворот може да го разредите со вода за да го намалите овој ефект.

Мерки на претпазливост: Немојте да го употребувате Оралсепт® ако сте преосетливи (алергични) на активната супстанција (бензидамин хлорид) или на било која помошна состојка на лекот. Разговарајте со Вашиот лекар или фармацевт пред употреба на Оралсепт® растворот за промивање на уста и грло ако имате историја на астма, ако сте алергични на ацетилсалицилна киселина или други нестероидни противвоспалителни лекови (НСАИЛ). Бидете внимателни растворот да не дојде во контакт со очите. Доколку, ненамерно растворот дојде во контакт со очите, веднаш измијте ги со ладна вода. Ако сте бремени, мислите дека сте бремени или планирате бременост, или ако доите, пред употреба на Оралсепт® растворот за промивање на уста и грло побарајте совет од Вашиот лекар. Ве молиме да го информирате Вашиот лекар или фармацевт ако земате, или ако неодамна сте земале било кој друг лек, дури и оние кои не се на лекарски рецепт.

Оралсепт® растворот за промивање на уста и грло содржи метил парахидроксибензоат кој може да предизвика алергиски реакции (можни одложени реакции). 

Исто така, овој лек содржи мала количина на етанол (алкохол), помалку од 100 мг
на доза.

Ако сте употребиле премногу од Оралсепт® растворот за промивање на уста и грло или случајно сте го голтнале, обратете се кај Вашиот лекар или фармацевт за совет. Ако сте заборавиле да го употребите немојте да се грижите. Употребете го веднаш штом се сетите и потоа продолжете да го употребувате на секои 1 ½ до 3 часа како и претходно. Не земајте наеднаш двојна доза за да ја надоместите пропуштената доза.

Лекот чувајте го на места недостапни за деца, на температура до 25ºC. Да се чува во оригинално пакување.

Мислења на потрошувачи

Споделете го вашето искуство со овој производ!
Регистрирај се / Најави се