SANLI Ментол фластер
Опис на производот
Ментол фластер
- За еднократна употреба
- Димензии 12 цм x 18 цм
Дополнително на ефектот на ладење, ментолот поседува и други својства што се користат кај спортистите и атлетичарите и согласно најновите сознанија, делува во терапијата на различни стадиуми на болка.
Камфорот делува како благ локален анестетик и има антимикробно дејство. Помага при болни промени во мускулите и зглобовите, како и кај невралгија и ревматска болка.
Има смирувачки ефект кога ќе се нанесе на градите и грбот во случаи на настинка. Ублажува болка од различно потекло, ублажува состојба на артритис, остеохондроза, ревматизам и ишијас.
Активните состојки поседуваат аналгетски и благи антиинфламаторни карактеристики. Се апсорбираат преку кожата, ја стимулираат крвната циркулација и доведуваат до релаксација.
Намена:
- Мускулна болка, замор во мускулите, ригидност на мускулите
- Повреда на зглобовите, лумбаго, артритис, болка во вратот, рамењата и грбот.
Пакување: 1 фластер/пакување
Содржина
Состојки: Ментол 7.708% w/w, метил салицилат 8.479% w/w, камфор 1.654% w/w, тимол 1.074% w/w, природна гума 15-30% w/w, смола 15-30% w/w, гума 0-10% w/w, цинк оксид 15-30% w/w, линолин 0-10% w/w, парафин масло 0-10% w/w, бутилхидрокси толуен 0-10% w/w, глицерол%w/w.
Начин на употреба и дозирање: Нанесувајте го фластерот на чиста и сува кожа. Отстранете го белиот пластичен слој од фластерот. Ставете го фластерот на болното место и лесно притиснете за да се залепи. Може да го замените еднаш или двапати на ден.
Предупредување и мерки на претпазливост: Да не се користи на чувствителна кожа. Ментол фластерот не смее да се применува на отворени рани и иритирана кожа. Прекинете ја употребата ако дојде до иритација на кожата. Бремените жени и доилките да се консултираат со својот лекар пред употреба на производот. Ако истовремено употребувате некои лекови консултирајте се својот лекар или фармацевт, пред употреба на производот.