SINOMARIN Природен назален деконгестив за бебиња, 18 монодози + 6 гратис

Опис на производот
Sinomarin® Babies Monodose - Идеален за новороденчиња и бебиња!
- 100% природен, клинички докажан назален деконгестив (одзатнувач на носот). Sinomarin® Babies е хипертоничен раствор од морска вода (2,3% NaCl), богат со корисни состојки од морето (минерали и елементи во трагови). Морската вода кој се употребува во Sinomarin® Babies е собрана од Cancale Bay брегот на Brittany Франција.
Sinomarin® Babies може да се употребува сам, како природна алтернатива на медикаментозните деконгестиви (локални кортикостероиди, антихистаминици, вазоконстриктори), или во комбинација со нив за да ја зголеми нивната ефикасност. Така што помага да се намали времето на употреба на медикаметозните третмани, и може да доведе до намалување на вкупниот внес на лекови.
Својства:
- Sinomarin® Babies ja ослободува назалната конгестија и синусниот притисок по природен пат на осмоза
- Ги чисти назалните празнини, елиминирајќи ги акумулираниот мукус, крусти, прашина, нечистотии, аерозагадувачи, алергени и инфективни агенси
- Може да се употребува во небузирана форма за да ја подобри респираторната функција и за превенција на инфекции на долни респираторни патишта
- Кај новороденчиња со акутен бронхитис Sinomarin® Babies може да помогне во намалување на едемот во дишните патишта и разводнување на мукусот во дишните патишта, така што ја намалува опструкцијата
- Ја навлажнува назалната мукоза и го ублажува назалното сушење
Sinomarin® Babies го подобрува квалитетот на живот, ублажувајќи ги симптомите поврзани со назална конгестија (пр. чешање на носот, кивање, настинка, синусен и ушен притисок, вознемирувања при спиењето).
Sinomarin® Babies се препорачува за:
- За активно отстранување на акумулираниот мукус и чистење на носните празнини
- Сите случаи на назална и синусна конгестија пр. ринитис (инфективен или алергиски), синузитис: од настинка и грип
- За профилакса на назални и секундарни ОРЛ инфекции и компликации пр. отитис
- За дневна хигиена и профилакса
- Да го подобри опоравувањето после едноназална операција
- За хидратација во суви околини
- Во случаи на намалена респираторна функција или за акутен бронхиолитис (во небулизирана форма)
Пакување: 18 + 6 гратис x 5 мл.
Содржина
Состав: Морска вода 70 мл, пурифирана вода 30%, еквивалентно на 23 г/л NaCl (2.3%), без конзерванси, без лекови, без хемиски адитиви.
Начин на употреба:
- Неколку капки во секоја ноздра, 2 до 3 пати дневно, или онака како што ви препорачал Вашиот лекар. Во случај на дебел и погуст мукус, безбедно е да се аплицира поголема количина од растворот во секоја ноздра
- Во небулизирана форма до 5 мл 3 пати дневно или врз основа на инструкциите од лекарот. Sinomarin® Babies може да се употребуваат во секој небулизатор достапен на пазарот.
Мерки на претпазливост: Само за назална и респираторна (во небулизер) употреба. Секоја виала е наменета за еднократна употреба. Да не се употребува по истекот на рокот за употреба. Да се чува вон дофат на деца.
Услови на чување: Да се чува на темперстура под 25°С. Да се заштити од светлина.