SINOMARIN Природен назален деконгестив за деца, 100 мл + 25 мл

Sinomarin Children Nose care nasal spray sprej za nos za deca
SINOMARIN Природен назален деконгестив за деца, 100 мл + 25 мл
402,00 ден.
0
Производот сѐ уште не е оценет
Бренд
Шифра
052282C
favorite_border

Опис на производот

Sinomarin Children - Идеален за деца над 1 година и возрасни!

  • Ја ослободува назалната конгестија (затнатиот нос)
  • Чисти и одзатнува 

Единствен 2.3% NaCl хипертоничен раствор од морска вода кој што може да се употребува континуирано со месеци без притоа да се има било каков несакан ефект. Sinomarin® Children 100 мл е 100% природен клинички докажан назален деконгестив (одзатнувач на нос). 

Пумпица со волумен на испрскување од 1.1 мл/с која не оксидира, безбедно затворена, дава можност за употреба на производот до неговиот рок на употреба.

100% природен, 100% безбеден, без лекови, презервативи или хемиски адитиви. Без несакани дејства и без контраиндикации. Безбеден за деца над 1 година, безбеден за користење за време на бременост и доење. Одличен степен на толеранција. Ја чисти темелно носната шуплина, елиминирајќи го акумулираниот слуз, алергени, инфективни агенси и други нечистотии. Го намалува воспалението на носната слузница и ја враќа нејзината природна функција. Помага при спречување на секундарни инфекции и компликации, како што е воспаление на средно уво.

Се препорачува:

  • Во сите случаи на назална конгенсија (затнат нос)
  • Настинка и грип
  • Синузитис (акутен, хроничен)
  • Ринитис (акутен, хроничен и алергичен)
  • Во случаи кога медикаметозните деконгестиви се контраиндицирани (на пр. бременост, доење, воспаление на тироидна жлезда, висок крвен притисок, дијабетис итн.)
  • За спречување на секундарни инфекции и компликации, отитис медиа  (воспаление на средно уво)
  • Побрзо обновување и ограничување на компликациите после назален хируршки зафат
  • За секојдневна назална хигиена (во загадена средина)

Пакување: 100 мл + 25 мл.

Содржина

Начин на употреба: 

  • За возрасни и деца над 1 година 1-3 впрскувања во секоја ноздра, 2-3 пати на ден.

Мислења на потрошувачи

Споделете го вашето искуство со овој производ!
Регистрирај се / Најави се