STREPSILS Ментол и еукалиптус, 24 пастили

Опис на производот
Секоја пастила Стрепсилс содржи комбинација од два антисептика. Наменети за олеснување на симптомите при инфекција на усната празнина и грлото. Овие состојки се благи антисептици кои ги убиваат бактериите поврзани со инфекциите на усната празнина и грлото.
При растопување на пастилите активните состојки дејствуваат на болното место и ја ублажуваат болката и непријатностите при инфекции на усната празнина и грлото.
- Стрепсилс, ментол и еукалиптус пастилите содржат и ментол кој делува благо анестетично на грлото и ги ублажува симптомите на назалната конгестија (помага во отпушување на носот)
Пакување: 24 пастили
Содржина
Секоја Стрепсилс ментол и еукалиптус пастила содржи:
- 2.4-Dichlorobenzyl alcohol 1.2 мг
- Amylmetacresol 0.6 мг
- Levomenthol EP 8.0 мг
Помошни супстанции: течна сахароза, течна глукоза, винска киселина, масло од еукалиптус, боја Indigo carmine (E 132).
Употреба: За перорална употреба.
Возрасни, деца постари од 6 години и постари лица: Една (1) пастила полека се растопува во уста на секои 2-3 часа.
Максимална доза е 12 пастили за 24 часа.
Немојте да го употребувате Стрепсилс: ако сте нетолерантни на одредени шеќери, како што се фруктоза, глукоза-галактоза и сахароза-изомалтоза.