SUPERDIET Гинко билоба, 80 таблети

SUPERDIET Гинко билоба, 80 таблети
900,00 ден.
0
Производот сѐ уште не е оценет
Бренд
Шифра
020274C
favorite_border

Опис на производот

Со векови гинкото се користи во традиционалната медицина за превенција од дегенеративни промени на мозокот.

  • За возрасни над 18 години

Ефикасен е за:

  • Депресија, главоболка
  • Одличен е за подобра меморија, концентрација
  • Помага при зуење во ушите

Гинко билоба е најстарото растение на светот. Отпорно е на екстремно ниски (до -30 степени Целзиусови), но и на високи температури, не подлежи на болести, ниту пак го напаѓаат инсекти, па оттука поединечни примероци се стари и по 1000 години.

Гинко билоба веќе со векови се користи првенствено како лек за различни болести, астма, болести на бронхиите и белите дробови, како и за подобрување на периферната и мозочната циркулација на крвта.

Современата медицина, пак, го нагласува превентивното лековито делување со што гинкото стана најупотребуван природен препарат на денешницата. За лек се користат листовите, семките, месната обвивка околу семките, коренот и кората на дрвото.

Придобивките од користењето на екстрактот од гинко билоба се многубројни, но главно се фокусираат на мозочните функции и циркулацијата на крвта.

Подобрена циркулација на крв - Гинкото ја подобрува циркулацијата на крвта со тоа што ги шири крвните садови и ја намалува вискозноста на крвта. Како резултат на подобрената циркулација гинкото помога и ги штити клетките од недостаток на кислород, зголемувајќи ја енергијата во ткивата. Со тоа крајниот резултат е и подобрен тонус на венските крвни садови и намалена пропустливост на капиларите.

Подобрена мозочна функција - Подобрувајќи ја мозочната микроциркулација и снабдувањето на мозокот со кислород, гинкото директно влијае на подобрување на функцијата на мозокот и кај здарвите лица. Неколку мали студии покажуваат дека употребата на екстракт од гинко може да ги зголеми менталните перформанси, подобрувајќи ја меморијата, фокусот и способноста за запазување.

Моќен антиоксидант - Гинкото делува и како моќен антиоксидант. Во себе содржи високо ниво на флавоноиди, благодарение на кои има силно антиоксидативно дејство со што ги неутрализира штетните ефекти на слободните радикали.

Пакување: 80 таблети

Содржина

Состав:

Две (2) таблети содржат:

    ПДВ*
Гинко Билоба 1250 мг** /

*препорачано дневно внесување

**еквивалент на суво растение
Состојки:

- малтодекстрин*

- оризов скроб*

- средство за зголемување на волуменот - багремова гума*,

- средство против згрутчување - калциум карбонат, магнезиум карбонат, талк.
 

*состојки од органско производство. 

Употреба: по две (2) таблети на ден, во текот на оброк.

Предупредување: производот не смее да се употребува кај бремени жени и доилки. Не се препорачува за употреба кај деца и адолесценти под 18 годишна возраст. Ако имате проблеми со коагулација или имате висок крвен притисок, консултирајте се со Вашиот лекар.

Овој додаток на исхрана не смее да се зема 7 дена пред и по хируршка интервенција. Консултирајте се со лекар во случај на истовремена употреба на лекови особено на антикоагуланти или aнтитромбоцитни лекови. Препорачаната дневна доза не смее да се надминува. Препаратот не заменува оброк и не треба да се користи како замена за разновидна исхрана.

Мислења на потрошувачи

Споделете го вашето искуство со овој производ!
Регистрирај се / Најави се