SUPERDIET Herbesan Ацерола 1000 мг и витамин Ц 180 мг, 30 таблети
Опис на производот
Superdiet Herbesan Ацерола 1000 мг и витамин Ц 180 мг е граничен производ.
- Наменет е за одржување на нормална функција на имуниот систем и за намалување на заморот кај возрасни, адолесценти и деца над 6 годишна возраст
- Ацеролата е јужно американско ситно овошје познато уште под името “Карибска цреша”. Нејзиниот плод е сочен и кисел
- Витаминот Ц придонесува за нормално функционирање на имуниот систем и придонесува во намалување на заморот
Пакување: 30 таблети за џвакање.
Содржина
Состав:
Една (1) таблета содржи:
| Состојки | ПДВ* | |
| Ацерола екстракт | 1000 мг | / |
| Витамин Ц | 180 мг | 225% |
*препорачано дневно внесување
Состојки: средство за зголемување на волуменот: сорбитол, дехидриран концентриран сок од плод на ацерола, стандардизиран на витамин Ц, дехидриран концентриран сок од брусница и црна рибизла, средство против стврднување: магнезиум стеарат, арома, Витамин Ц, засладувач: натриум сахаринат.
Употреба: се препорачува по една (1) таблета на ден, за време на оброк, по можност наутро. Таблетата се џвака или се остава да се стопи во устата.
Предупредување: да не се надминува препорачаната дневна доза суплементи. Бремените жени и доилките да се консултираат со лекар пред да земат било каков производ. Ако сте бремени или доите консултирајте се со вашиот лекар, пред употреба на производот. Ако земате лекови, консултирајте го вашиот лекар пред употреба на производот. Производот не заменува оброк и не треба да се користи како замена за разновидна и балансирана исхрана и здрав начин на живот. Да се чува на места недостапни за деца. Да се чува на ладно и суво место, заштитено од сончева светлина.