МОМЕНТАЛНИ АКЦИИ

Услугата за достава е достапна на територијата на целата држава и истата е бесплатна со нарачка над 1.500 денари.

Имате можност за избор на термин за достава.

 

Светски ден на срцето

Додека светот се бори против пандемијата со КОВИД-19, никогаш не сме биле посвесни за важноста на нашето здравје и здравјето на нашите сакани.

svetski den na srceto svetski den na srceto zegin healthy food

 

Кардиоваскуларните болести остануваат убиец број еден во светот, резултирајќи со 18,6 милиони смртни случаи годишно. Постојат многу причини за нивна појава: пушење, дијабетес, висок крвен притисок и дебелина, загадување на воздухот.

За 520 милиони луѓе кои живеат со кардиоваскуларни болести, КОВИД-19 е фатален, бидејќи овие лица се изложени на поголем ризик да развијат тешки форми на вирусот. 

Светскиот ден на срцето се одбележува секоја година на 29 септември, со цел да се зголеми свесноста за кардиоваскуларните заболувања и како тие да се контролираат за да се намали нивното глобално влијание.

❤Начинот на исхрана игра огромна улога за здраво срце. Хранете се здраво, спортувајте, смејте се и бидете сигурни дека вашето срце ќе остане здраво!🥗🏃‍♂️😃 

Грижете се за вашето здравје, тоа е најважно! Превенцијата секогаш е подобра варијанта од лекувањето

И не само денес, секој ден од годината, хранете се здраво и живејте поздраво!

Во нашата огромна палета производи, за Вас ги издвоивме следните кои имаат значајна функција за кардиоваскуларното здравје: