МОМЕНТАЛНИ АКЦИИ

Услугата за достава е достапна на територијата на целата држава и истата е бесплатна со нарачка над 1800 денари.

Имате можност за избор на термин за достава.

Третман на хемороиди со диосмин

Хемороидите се дефинираат како симптоматско зголемување и оток на нормалниот сплет на  крвни садови во и околу аналниот отвор и долниот ректум.  Најчесто се јавуваат поради зголемен притисок околу анусот, а причината може да биде бременост, зголемена телесна тежина или напон или долго седење при дефекација.

Симптомите вклучуваат чешање, болка и ректално крварење кое е најчеста причина за пациентите да се јават на преглед. Најчест симптом кој ја потврдува нивната појава е ректално крварење поврзано со празнење на цревата.

Хемороидите може да бидат надворешни или внатрешни. Надворешните хемороиди се формираат под кожата околу аналниот отвор и може лесно да се опипаат на допир. Внатрешните хемороиди се формират на самиот анален отвор или во долниот ректум и се забележуваат само ако излезат надвор од аналниот отвор. Според серизоноста на симптомите кои се јавуваат постојат 4 стадиуми на внатрешни хемороиди.

Нарушувањето на цврстината на крвните садови и васкуларната хиперплазија имаат клучна улога во развојот на хемороидите, што и прави тоа да биде и основа на третманот на болеста. Третманот вклучува промена на животниот стил и исхрана, антинифламаторни лекови и венотоници. Многу болни и сериозни хемороиди се третираат со хируршки процедури во зависност од големината и местото на хемороидот.

Krka Flebaven protiv hemoroidi

Што може да се направи:

  • Се препорачува зголемување на храна богата со растителни влакна и многу течности,
  • намален внес на масти и алкохол,
  • редовна физичка активност и
  • подобрување на аналната хигиена, како и избегнување на долго седење и напон при дефекација.

Медицинскиот третман вклучува веноактивни лекови, меѓу кои најпрепорачуван е микронизираниот диосмин. Микронизираниот диосмин има повеќе дејства:

  • го зголемува васкуларниот тонус,
  • ја намалува капиларната пермеабилност и
  • ја олеснува лимфната дренажа

и со тоа го намалува отокот и има антинфламаторно дејство. Може да се комбинира со топикални масти или креми кои единствено локално и краткотрајно влијаат на олеснување на симптомите.

 

Д-р Васко Јовановски, специјалист гастроентерохепатолог