UPSA Ефералган сируп 90 мл
Опис на производот
Ефералаган сирупот содржи парацетамол: аналгетик (кој помага при болка) и антипиретик (кој ја намалува температурата).
Наменет е за третман на болка и/или треска, како што е главоболка, состојби слични на грип, забоболка и мускулна болка.
Пакување: 90 мл
Содржина
Состав: парацетамол 3 г во 100 мл.
Сирупот има арома на карамел ванила.
Употреба: Ефералган сирупот е наменет за деца со тежина над 4 до 32 кг (над 2 месеци, родени по 37 недела до 12 годишна возраст).
Препорачаната дневна доза парацетамол зависи од тежината на детето: приближно 60 мг/кг дневно, поделено на 4 дози дневно, односно приближно 15 мг/кг на секои 6 часа.