URSAPHARM Hylo Care Капки за очи со натриум хијалуронат и декспантенол, 10 мл

Опис на производот
Ursapharm Hylo Care Стерилни капки за очи без фосфати и без конзерванси.
- Содржат натриум хијалуронат и декспантенол
- За навлажнување и поддршка во заздравувањето на оштетената површина на окото на пример при појава на суви очи и хируршки процедури
- Hylo Care® може да се користи во текот на носењето на контактни леќи
Кога треба да се употребува Hylo Care®?
Очните површини - рожница и конјуктива неопходно е постојано да бидат влажни за да се врати и одржува здравјето на очите. Во идеален случај тоа се овозможува со нашите солзи. Меѓутоа повремено, нема доволно солзи или нивниот состав е нарушен. Тогаш окото реагира со црвенило, чешање, чувство на страно тело, чувство на печење или на акутен замор. Овие симптоми на неадекватно снабдување со физиолошки солзи може да се појават и во суви или климатизирани средини, како последица на лекување или само поради старост.
Епителните клетки на рожницата и конјуктивата континуирано се обновуваат, а овој процес најдобро се врши во влажно опкружување. Затоа, од витално значење е по хируршките процедури очната површина да биде доволно подмачкана за да се овозможи правилно зараснување на раните.
Во сите тие случаи препорачливо е користење на HYLO CARE® капките кои ја обновуваат природната рамнотежа на влажноста на очите.
- Hylo Care® содржи натриумова сол на хијалуронска киселина, која е физиолошка супстанца на окото, но и на другите делови на телото. Натриум-хијалуронат има уникатно својство да формира рамномерен, стабилен и долготраен лубрикантен филм на површината на окото кој не се плакне брзо. Со тоа се продолжува неговиот ефект на влажнење без попречување на видот. Поради таа причина Hylo Care® може да се користи во текот на денот, додека мастите за очи и геловите може да доведат до замаглен вид поради нивната масна конзистенција.
- Hylo Care® содржи декспантенол кој и припаѓа на големата група Б витамини. Оваа компонента ја задоволува потребата за интензивна регенерација на окото и ги надополнува навлажнувачките својства на натриум хијалуронат. Дополнително, декспантенолот помага при зараснување на раните, па така површинските ерозии на очната површина предизвикани од недоволниот солзен филм, како и хируршки рани, побрзо зараснуваат
- Hylo Care® обезбедува доволно количество на влажност во окото и во исто време ја подобрува регенерацијата на епителот во рожницата и конјуктивата
Секое шишенце содржи 10 мл раствор што одговара на количество од околу 300 капки. Поради технички причини, мало количество секогаш останува во шишенцето.
Пакување: 10 мл капки за очи.
Содржина
Состав: 1 мл Hylo Care® содржи 1 мг натриум хијалуронат, декспантенол, безводна лимонска киселина, натриум цитрат и вода за инекции.
Употреба: Hylo Care® треба да се користи во согласност со упатствата кои Ви ги дал Вашиот лекар или фармацевт. Генерално, треба да капнете по една капка Hylo Care® три пати на ден во двете очи. Доколку е неопходно, овие капки може да се користат и почесто. Доколку Hylo Care® го користите почесто (на пр. повеќе од 10 пати на ден) Ве молиме консултирајте се со Вашиот офталмолог. Hylo Care® капките се погодни за долгорочна употреба. Како што е тоа случај со сите проблеми, доколку потраат треба да се консултирате со својот офталмолог.
- Чекор: Пред употреба извадете го капакот од шишенцето. За да го направите тоа, држете го капакот непосредно над шишенцето. Со другата рака извадете го шишенцето од капакот со ротирачко движење. Пред првата употреба свртете го врвот на Hylo Comod® шишенцето надолу и притиснете го дното на шишенцето сé додека не се појави првата капка на капалката. Сега шишенцето е подготвено за понатамошна употреба
- Чекор: Држете го шишенцето свртено наопаку со палецот на горниот крај на шишенцето и со останатите прсти на дното на шишенцето
- Чекор: Раката која го држи COMOD® шишенцето придржувајте ја со другата рака
- Чекор: При нанесувањето на капките за очи, избегнувајте контакт помеѓу врвот на шишето и окото и Вашата кожата. Со главата малку навалена наназад, нежно повлечете го долниот капак надолу. Цврсто и брзо притиснете ја средината на дното на шишенцето. На тој начин го активирате механизмот со кој се ослободува една капка. Поради посебниот COMOD® систем на вентил, големината и брзината на секоја капка се исти, независно од тоа колку цврсто ќе го притиснете дното. Полека затворете ги очите за да дозволите течноста рамномерно да се разлие по површината на окото
- Чекор: Капакот вратете го веднаш по употребата. Внимавајте врвот на капалката да биде сув
Со едно шишенце треба да се третира само едно лице.
Според постојните сознанија, Hylo Care® може да се користи кај деца, како и кај бремени жени и доилки.
Мерки на претпазливост: Доколку користите било кои други капки за очи, треба да има најмалку 30 минути помеѓу апликациите и Hylo Care® секогаш треба да се користи на крајот. Maстите за очи секогаш треба да се користат после примената на Hylo Care® капките. Со оглед на тоа дека Hylo Care® не содржи конзерванси добро се поднесува дури и при продолжена употреба. За да се избегнат реакции на инкомпатибилност кои се возможни поради интеракција помеѓу производите за нега на контактните леќи и препаратот Hylo Care®, Ви препорачуваме по ставањето на контактните леќи да почекате 30 минути со примената на капките за очи. Hylo Care® не треба да се користи доколку сте пречувствителни на некоја од состојките. Да не се користи по истекот на рокот на траење. Да се чува на места недостапни за деца. Да се чува на температура до 25°C.
Hylo Care® може да се користи до 6 месеци по првото отворање.