URSAPHARM Hylo Fresh Капки за очи со натриум хијалуронат и Euphrasia officinalis, 10 мл

Опис на производот
Ursapharm Hylo Fresh Стерилни капки за очи без фосфати и без конзерванси.
- Содржат натриум хијалуронат и Euphrasia officinalis
- За намалување на иритацијата на очите
- Поради тоа што Hylo Fresh® не содржи конзерванси, обично добро се поднесува
- Hylo Fresh® не содржи фосфати, со што се избегнуваат компликациите од формирање на депозити во корнеата
Кога треба да се употребува Hylo Fresh®?
Hylo Fresh® се користи за намалување на иритацијата на очите. Иритирани и суви очи може да се резултат и на стрес предизвикан од средината како што е интензивна работа пред компјутер, сува клима, суша, зголемена соларна радијација, загадување на воздухот предизвикано од прашина или полен, како и од носење контактни леќи.
- Традиционално стотици години наназад се користеле препарати од растението Euphrasia officinalis за третман на иритирана конјуктива со црвенило и печење на очите, зголемена секреција на солзи, оток и црвенило на очниот капак или на маргините на очниот капак
- Hylo Fresh® содржи натриум хијалуронат со што се зголемува вискозноста на растворот за хидратација, што го прави погуст од водата. Поради тоа, останува подолго време на површината на окото. Апликацијата на капките за очи ја смирува иритацијата на очите и очните капаци и овозможува ефект на хидратација налик на солзите
Hylo Fresh® ги третира сите симптоми предизвикани од сувост на окуларната површина што се јавува на пример како резултат на недоволна природна продукција на солзи. Hylo Fresh® исто така ги хидрира очите и кај лица кои носат контактни леќи.
Секое шишенце содржи 10 мл раствор што одговара на количество од околу 300 капки. Поради технички причини, мало количество секогаш останува во шишенцето.
Пакување: 10 мл капки за очи.
Содржина
Состав: 1 мл Hylo Fresh® содржи 0.3 мг натриум хијалуронат, природна тинктура од Euphrasia officinalis, борова киселина, боракс и вода за инјекции.
Употреба: Hylo Fresh® треба да се користи во согласност со вашата состојба. Генерално, треба да капнете по една капка Hylo Fresh® три пати на ден во двете очи. Доколку е неопходно, овие капки може да се користат и почесто. Доколку Hylo Fresh® го користите почесто (на пр. повеќе од 10 пати на ден) Ве молиме консултирајте се со Вашиот офталмолог. Hylo Fresh® капките се погодни за долгорочна употреба. Како што е тоа случај со сите проблеми, доколку потраат треба да се консултирате со својот офталмолог.
- Чекор: Пред употреба извадете го капакот од шишенцето. За да го направите тоа, држете го капакот непосредно над шишенцето. Со другата рака извадете го шишенцето од капакот со ротирачко движење. Пред првата употреба свртете го врвот на Hylo Fresh® шишенцето надолу и притиснете го дното на шишенцето сé додека не се појави првата капка на капалката. Сега шишенцето е подготвено за понатамошна употреба
- Чекор: Држете го шишенцето свртено наопаку со палецот на горниот крај на шишенцето и со останатите прсти на дното на шишенцето
- Чекор: Раката која го држи COMOD® шишенцето придржувајте ја со другата рака
- Чекор: При нанесувањето на капките за очи, избегнувајте контакт помеѓу врвот на шишето и окото и Вашата кожата. Со главата малку навалена наназад, нежно повлечете го долниот капак надолу. Цврсто и брзо притиснете ја средината на дното на шишенцето. На тој начин го активирате механизмот со кој се ослободува една капка. Поради посебниот COMOD® систем на вентил, големината и брзината на секоја капка се исти, независно од тоа колку цврсто ќе го притиснете дното. Полека затворете ги очите за да дозволите течноста рамномерно да се разлие по површината на окото
- Чекор: Капакот вратете го веднаш по употребата. Внимавајте врвот на капалката да биде сув
Hylo Fresh® може да се користи неограничен временски период. Hylo Fresh® е само за Вас, дури и луѓето со слични симптоми не треба да ги користат Вашите капки за очи.
Според постојните сознанија, Hylo Fresh® може да се користи кај деца, како и кај бремени жени и доилки.
Мерки на претпазливост: Доколку користите било кои други капки за очи, треба да има најмалку 30 минути помеѓу апликациите и Hylo Fresh® секогаш треба да се користи на крајот. Maстите за очи секогаш треба да се користат после примената на Hylo Fresh® капките. Со оглед на тоа дека Hylo Fresh® не содржи конзерванси добро се поднесува дури и при продолжена употреба. Hylo Fresh® може да се користи во текот на носењето контактни леќи. За да се избегнат реакции на инкомпатибилност кои се возможни поради интеракција помеѓу производите за нега на контактните леќи и препаратот Hylo Fresh®, Ви препорачуваме по ставањето на контактните леќи да почекате 30 минути со примената на капките за очи. Hylo Fresh® не треба да се користи доколку сте пречувствителни на некоја од состојките. Да не се користи по истекот на рокот на траење. Да се чува на места недостапни за деца. Да се чува на температура до 25°C.
Hylo Fresh® може да се користи до 6 месеци по првото отворање.