URSAPHARM Hylo Gel Капки за очи со натриум хијалуронат, 10 мл

Ursapharm Hylo Gel Eye Drops kapki za oci
URSAPHARM Hylo Gel Капки за очи со натриум хијалуронат, 10 мл
898,00 ден.
0
Производот сѐ уште не е оценет
Бренд
Шифра
049869C
favorite_border

Опис на производот

Ursapharm Hylo Gel Стерилни капки за очи без фосфати и без конзерванси.

  • Содржат натриум хијалуронат
  • За интензивна, терапевтска лубрикација на површината на окото кај потешко и упорно чувство на суво око вклучувајќи и терапија по хируршки операции на очите
  • Поради тоа што Hylo Gel® не содржи конзерванси, обично добро се поднесува
  • Hylo Gel® не содржи фосфати, со што се избегнуваат компликациите како наслаги на рожницата

Кога треба да се употребува Hylo Gel®?

Континуираното навлажнување на површината на окото е неопходна за регенерација на ткивото на окото. Примената на Hylo Gel® ја зголемува влажноста и лубрикација на рожницата и конјунктивата така да физиолошкиот процес на зараснување е оптимален.

  • Hylo Gel® содржи натриумова сол на хијалуронска киселина, природна супстанца која може да се најде во окото, но и во други делови на телото. Поради нејзините специфични физички карактеристики, таа создава стабилен, долготраен, лубрикантен влажен филм на површината на окото кој не се плакне лесно. Ова таканаречено биоадхезивно својство овозможува заштита на рожницата и конјунктивата и заедно со физиолошките солзи овозможува очните капаци нежно да се движат по површината на окото. Hylo Gel® содржи поголемо количество на натриум хијалуронат што го прави повискозен, а со тоа на окото му обезбедува интензивен, смирувачки и долготраен влажен филм. Упорните или потешките симптоми се поправаат а окото е заштитено од понатамошни иритации
  • Поради хируршките интервенции на окото и после повреди на окото, физиолошката секреција на солзи може да биде намалена

Секое шишенце содржи 10 мл раствор што одговара на количество од околу 300 капки. Поради технички причини, мало количество секогаш останува во шишенцето.

Пакување: 10 мл капки за очи.

 

Содржина

Состав: 1 мл Hylo Gel® содржи 2 мг натриум хијалуронат, безводна лимонска киселина, натриум цитрат, сорбитол и вода за инекции.

Употреба: Hylo Gel® треба да ги користите според личното чувство и/или во согласност со упатствата кои Ви ги дал Вашиот очен лекар. Генерално, треба да капнете по една капка Hylo Gel® три пати на ден во двете очи. Доколку е неопходно, овие капки може да се користат и почесто. Доколку Hylo Gel® го користите почесто (на пр. повеќе од 10 пати на ден) Ве молиме консултирајте се со Вашиот офталмолог. Hylo Gel® капките се погодни за долгорочна употреба. Како што е тоа случај со сите проблеми, доколку потраат треба да се консултирате со својот офталмолог.

  1. Чекор: Пред употреба извадете го капакот од шишенцето. За да го направите тоа, држете го капакот непосредно над шишенцето. Со другата рака извадете го шишенцето од капакот со ротирачко движење. Пред првата употреба свртете го врвот на Hylo Comod® шишенцето надолу и притиснете го дното на шишенцето сé додека не се појави првата капка на капалката. Сега шишенцето е подготвено за понатамошна употреба
  2. Чекор: Држете го шишенцето свртено наопаку со палецот на горниот крај на шишенцето и со останатите прсти на дното на шишенцето
  3. Чекор: Раката која го држи COMOD® шишенцето придржувајте ја со другата рака
  4. Чекор: При нанесувањето на капките за очи, избегнувајте контакт помеѓу врвот на шишето и окото и Вашата кожата. Со главата малку навалена наназад, нежно повлечете го долниот капак надолу. Цврсто и брзо притиснете ја средината на дното на шишенцето. На тој начин го активирате механизмот со кој се ослободува една капка. Поради посебниот COMOD® систем на вентил, големината и брзината на секоја капка се исти, независно од тоа колку цврсто ќе го притиснете дното. Полека затворете ги очите за да дозволите течноста рамномерно да се разлие по површината на окото
  5. Чекор: Капакот вратете го веднаш по употребата. Внимавајте врвот на капалката да биде сув

Hylo Gel® може да се користи неограничен временски период. Капките се само за Вас, дури и луѓето со слични симптоми не треба да ги користат Вашите капки за очи.

Според постојните сознанија, Hylo Gel® може да се користи кај деца, како и кај бремени жени и доилки.

Мерки на претпазливост: Доколку користите било кои други капки за очи, треба да има најмалку 30 минути помеѓу апликациите и Hylo Gel® секогаш треба да се користи на крајот. Maстите за очи секогаш треба да се користат после примената на Hylo Gel® капките. Со оглед на тоа дека Hylo Gel® не содржи конзерванси добро се поднесува дури и при продолжена употреба. Hylo Gel® капките можете да ги користите додека носите контактни леќи, во консултација со Вашиот офталмолог. Меѓутоа, во тие случаи на контактните леќи може да се појават дамки кои ќе исчезнат откако ќе трепнете неколку пати. За да се избегнат реакции на инкомпатибилност кои се возможни поради интеракција помеѓу производите за нега на контактните леќи и препаратот Hylo Gel®, Ви препорачуваме по ставањето на контактните леќи да почекате 30 минути со примената на капките за очи. Hylo Gel® не треба да се користи доколку сте пречувствителни на некоја од состојките. Да не се користи по истекот на рокот на траење. Да се чува на места недостапни за деца. Да се чува на температура до 25°C.
Hylo Gel® може да се користи до 6 месеци по првото отворање.

Мислења на потрошувачи

Споделете го вашето искуство со овој производ!
Регистрирај се / Најави се