VISION Брз антиген тест за детектирање на Covid-19 со брис од нос

Vision Covid 19 Rapid Antigen Test Kit brz antigenski test za kovid 19
VISION Брз антиген тест за детектирање на Covid-19 со брис од нос
149,00 ден.
0
Производот сѐ уште не е оценет
Шифра
057163C
favorite_border

Опис на производот

Vision Covid 19 Rapid Antigen Test Kit Брз антиген тест за детектирање на Covid-19 со брис од нос.

  • Ин витро дијагностичко средство
  • Tест за квалитативна детекција на SARS-CoV-2 антигени во примерок од назален брис

Новите коронавируси припаѓаат на β класата. SARS-CoV-2 е акутно инфективно заболување на респираторниот систем. Подложни се генерално луѓето. Пациентите заразени од новиот коронавирус се главниот извор на инфекција; асимптоматски заразените лица исто така можат да бидат извор на зараза.

Врз основа на тековните епидемиолошки испитувања, периодот на инкубација е од 1 до 14 дена, најчесто од 3 до 7 дена.

Главните симптоми на заболувањето вклучуваат треска, замор и сува кашлица. Пријавени се и симптоми како затнат нос, течење на носот, болно грло, болка во мускулите и дијареа. 
VISION COVID-19 Rapid Antigen Test Kit е брз тест за квалитативна детекција на антигени на коронавирус со примерок на брис од нос со имунохроматографска анализа.

Пакување: 1 пакување со тест касета*, 1 пакување со стерилно стапче**, 1 ќесичка за собирање на биолошки отпаден материјал, 1 шишенце со раствор за екстракција и упатство за употреба. 

Начин на земање на назофарингеален примерок за тестирање
1. Навалете ја главата наназад за околу 70 степени. Внесете го стапчето во носната празнина така да биде паралено на брадата. Внесувајте дури не наидете на отпор.

 

Начин на земање на назален примерок за тестирање

2. Лесно навалете ја главата наназад. Нежно внесете го стапчето во носната празнина на длабочина од 2-2.5 цм.

2. Ротирајте го стапчето колку може поспоро по внатрешниот ѕид на носната празнина, 5-7 пати во тек на 15-ина секунди. Повторете ја постапката со истото стапче и во другата ноздра. 

3.Внесете го стапчето во шишенцето со раствор за екстракција. Затворете го капачето и оставете го стапчето во тек на максимум 10-15 секунди.

   
Капнете 2 капки (50μL) од шишенцето во делот за ставање на примерок на тест касетата. Примерокот/конјугиран комплекс ќе мигрира долж нитроцелуларната мембрана. 
Ако нема придвижување капнете уште една капка од примерокот. 

5. Изведувајте го тестот на собна температура, 22 ±3℃. Резултатите можете да ги прочитате после 15 минути. Резултатите добиени по повеќе од 15 минути не се точни. 
 
6. Отстренете ги материјалите за тестирање во согласност со локалните прописи. 

ЧИТАЊЕ НА РЕЗУЛТАТИТЕ
Производот се користи само за квалитативна детекција. Интерпретацијата на резултатите е на следниот начин 

Positive Позитивен резултат: Ако и двете линии C и T се видливи за 15 минути, резултатот е позитивен и валиден.
Negative Негативен резултат: Ако T-линијата не е обоена а контролната зона е обоена, резултатот е негативен и валиден.
Invalid Невалиден резултат: Тест резултатот е навалиден ако контролната зона не е обоена. Повторете ја постапката со нов тест. 

Контрола на квалитетот:
Тест касетата има тест линија (T) и контролна линија (C). Пред тестирање ниту T ниту C лининиите не се видливи. Контролната линија (C) мора секогаш да се појави при тестирањето. Контролната линија (C) ни покажува дека тестот е исправен. 
 

Содржина

Примерокот по капиларен пат се придвижува долж касетата. Ако примерокот содржи антигени на коронавирусот на ниво кое може да се детектира, антигените ќе се врзат со антителата од colloidal-gold коњугатите и ќе се формира обоена линија, што значи дека примерокот е позитивен на коронавирус. Ако линјата не се обои, примерокот е негативен на SARSCoV-2. 

Заради контрола обоена линија секогаш се појавува во контролната зона на касетата, како потврда дека тестот е соодветно изведен. 

Инструкции за употреба:
Пред да почнете со тестирање, внимателно прочитајте го упатството и следете ги инструкциите. Пред изведување на тестот чувајте ја касетата на собна температура (22±3℃) во тек на 15 до 30 минути.

Ограничувања

  1. Овој тест е наменет за ин витро дијагностичко тестирање
  2. Резултатите од тестирањето зависат од количината на антитела во примерокот
  3. Резултатите од тестирањето не треба да претставуваат потврда за клиничка дијагноза. Ако резултатите од тестирањето не се во согласност со клиничката слика се препорачува дополнително тестирање
  4. Резултатите од тестирањето зависат од начинот за замање на примерок, апликацијата, преносот и квалитетот на примерокот. Вкрстена контаминација за време на замање на примерокот може да даде лажно позитивни резултати
  5. Доколку не се придржувате на инструкциите во упатството може да се добијат неточни резултати
  6. Читање на резултатот во рок помал од 15 минути дава лажно негативни резултати додека читање на резултатот многу повеќе од 15 минути може да даде лажно позитивни резултати
  7. Резултатите од тестирањето не треба да се користат за потврда на дијагноза туку да бидат само за насока. Евалуацијата треба да се направи во согласност со RT-PCR резултатите, клиничките симптоми, епидемиолошките и останатите податоци

Мерки на претпазливост

  1. Да не се користи по истекување на рокот на употреба
  2. Следете ги инструкциите при земање на примерок, ракување, чување и отстранување на отпад од производот
  3. Производот е наменет само за еднократна употреба
  4. Отворете го пакувањето на тест касетата непосредно пред изведување на тестот
  5. Да не се користи ако пакувањето е оштетено
  6. Ако случајно растворот за екстракција дојде во допир со кожа или очи, темелно исплакнете со вода
  7. Несоодветно земање на примерок, чување и транспорт може да дадат неточни резултати
  8. Следете ги строго инструкциите во упатството
  9. Носете заштитни ракавици при изведување на тестот
  10. Измијте ги рацете темелно по изведување на тестот

Мислења на потрошувачи

Споделете го вашето искуство со овој производ!
Регистрирај се / Најави се