VITALIA Кето бар пралини, 72 г

Опис на производот
Вкусен и здрав кето десерт формулиран од квалитетно темно чоколадо и кремаст путер од кикирики и крцкави јаткасти плодови. Овие слатки пралине се совршена ниско јаглехидратна ужина и десерт, со крцкава текстура и одличен вкус.
Како дел од кето диетата, една порција кето пралини (24 г) обезбедува 5.8 г јаглехидрати и 7% од потребната енергија за утринска или попладневна ужина/десерт.
- Ниско количество на јаглехидрати
- Без додаден шеќер / ниско количество на шеќери
- Извор на протеини
- Со високо количество растителни влакна
Нето-тежина: 72 г.
Прочитај повеќе
Зошто КЕТО исхрана?
Кетогената исхрана се базира на принципот на внес на поголемо количество масти и протеини, а минимален внес на јаглехидрати. Намалениот внес на јаглехидрати го доведува телото во метаболитичка состојба – кетоза, при што се трошат масните резерви, односно мастите се согоруваат и стануваат примарен извор на енергија.
Дневните нутритивни потреби во кето режимот се 70% масти, 25% протеини и 5% јаглехидрати, односно внесот на јаглехидрати не смее да биде поголем од 50 г.
Кето исхраната особено се препорачува за дијабетичари поради ниското ниво на јаглехидрати и шеќери, а помага и во редукција на телесната тежина и намалување на ризикот од неуродегенеративни заболувања како Алцхајмер.
Содржина
Состав: темно чоколадо со стевиа 30% (какао путер, какао маса, засладувачи : изомалт и стевиол гликозиди, емулгатор: соја лецитин, арома), путер од кикирики 24% (печени кикирики, хималајска сол), кикирики 20%, лешник, индиски орев, овесни снегулки, растителни влакна, киноа снегулки, корнфлекс (пченка, готварска сол, јачменов слад, емулгатор: моно и диглицериди на масни киселини).
Содржи соја, кикирики, јаткасто овошје и глутен. Може да содржи трагови од млеко, сусам и останато јаткасто овошје.
Чоколадото соджи минимум 50% какао делови.
Препорачана употреба: 1-2 порции кето пралине како утринска или попладневна ужина/десерт.
Предупредување: да се чува на суво и ладно место, на температура од 15-20°C.