VITALIA Кето крекер, 50 г

Опис на производот
Крцкави кето крекери формулирани со 6 вида на семиња-суперхрана, збогатени со протеин од грашок и со одлична арома на оригано. Совршени за вашите омилени намази, сосови, макало.
Како дел од кето диетата, една порција од 25 г обезбедува 5 г јаглехидрати и 6% од потребната енергија за утринска или попладневна ужина.
- Ниско количество на јаглехидрати
- Ниско количество на шеќери
- Извор на протеини
- Со високо количество растителни влакна
Нето-тежина: 50 г
Прочитај повеќе
Зошто КЕТО исхрана?
Кетогената исхрана се базира на принципот на внес на поголемо количество масти и протеини, а минимален внес на јаглехидрати. Намалениот внес на јаглехидрати го доведува телото во метаболитичка состојба – кетоза, при што се трошат масните резерви, односно мастите се согоруваат и стануваат примарен извор на енергија.
Дневните нутритивни потреби во кето режимот се 70% масти, 25% протеини и 5% јаглехидрати, односно внесот на јаглехидрати не смее да биде поголем од 50 г.
Кето исхраната особено се препорачува за дијабетичари поради ниското ниво на јаглехидрати и шеќери, а помага и во редукција на телесната тежина и намалување на ризикот од неуродегенеративни заболувања како Алцхајмер.
Содржина
Состав: семиња 47% ( лен, сусам, тиква, сончоглед, чиа семе (семе од растението Шпанска жалфија – Salvia hispanica), црно семе ), олигофруктозен сируп, овесни снегулки, киноа снегулки, екструдиран ориз, растително масло (канола), протеин од грашок, растителни влакна, готварска сол, оригано (Origanum vulgare), згуснувач: ксантан гума, средство за нараснување: натриум бикарбонат, лук.
Алергени: содржи глутен, соја и сусам. Може да содржи траги од јаткасто овошје и кикирики.