VITALIA Малтекс - јачменов слад, 460 г
Опис на производот
Претставува природен производ добиен со екстракција на целото - интегрално јачменово зрно.
По конзистенција е како медот, со темнокафеава боја и со изразен вкус и миризба на слад. Во својот состав содржи јагленихидрати, протеини, витамини од Б групата ( Б1, Б2, Б4, Б5, Б6), витамин Е и провитамин А, како и минерали ( Na, K, Ca, Mg, Fe). Минералите и витамините се издвоени со посебна технолошка постапка, со што максимално е зачувана нивната биолошка вредност. Составот на јагленохидратите обезбедува брзо и трајно дополнување на изгубените шеќери.
Малтексот е прифатен во многу семејства, бидејќи помага при отежнато дишење и кашлање предизвикано од хроничен бронхитис и пушење. Се препорачува на деца, бремени жени, реконвалесценти, а особено спортисти бидејќи претставува урамнотежен извор на шеќери и минерали кои се губат при поголем физички напор.
Нето-тежина: 460 г.
Содржина
Состав: екстракт од јачменов слад.
Јачменовиот слад е нерафиниран засладувач процесиран од екстракција од ртен јачмен, кој содржи 65% малтоза, 30% комплексни јаглехидрати и 3% протеин.