VITALIA Протеински бар со путер од кикирики и бело чоколадо, 30 г

Опис на производот
За спортски активните лица, но и за оние што уживаат во вкусна протеинска ужина создадовме протеински барови во три атрактивни вкусови со 35% протеин и високо количество на растителни влакна.
Протеините се од суштинско значење за растот и развојот на организмот. Тие се добар извор на енергија, помагаат во градење и одржување на мускулна маса и контрола на телесната тежина, затоа нашите протеински барови се идеален избор за секој животен стил.
Протеин барот со кикирики и бело чоколадо е идеален за најстраствените љубители на путер од кикирики надополнет со суптилниот вкус на белото чоколадо.
Хармонија на задоволства за комплетно уживање во оброкот.
Практична ужина за современите и активни индивидуи кои се секогаш во брзање и on-the-go.
Протеинскиот бар го одржува организмот сит и задоволен долг период од денот.
Нето-тежина: 30 г
Содржина
Состав: соја екструдат, бело чоколадо со стевиа 25% (засладувачи: изомалт и стевиол гликозид, какао путер, млеко обрано во прав, емулгатор Е476, арома), соја снегулки, олигофруктозен сируп, јачменов слад, путер од кикирики 8%, канола масло, млеко обрано во прав, омекнувач: глицерол, сорбитол, готварска сол, боја карамел, арома. Чоколадото содржи мин. 30% суви материи на млеко.
Алергени: производот содржи соја, глутен и млеко. Може да содржи траги од сусам, кикирики и јаткасти плодови.