VITALIA Raw Бар со урма, смоква и индиски орев, 30 г

VITALIA Raw Бар со урма, смоква и индиски орев, 30 г
34,00 ден.
0
Производот сѐ уште не е оценет
Бренд
Шифра
043061C
favorite_border

Опис на производот

Овој Raw Bar претставува вкусен микс од уникатни 100% сирови состојки, со минимално процесирање, при што сите нивни нутритиенти ја задржуваат нивната оригинална нутритивна вредност.

Урмата се смета за едно од најздравите овошја во светот, не само поради слаткиот вкус, туку поради изобилството на нутритиенти. Урмата е посебно богата со железо, 100 г урми содржат 90 мг железо, што е 11% од дневните препорачани вредности. Урмата е исто така богата со витамин Б6 што влијае позитивно врз расположението и лачењето на серотонин. Смоквата со својот сладок вкус, содржи големо количество на растителни влакна, калиум, калциум, фосфор. Овие минерали се посебно корисни за зацврстување на коските, да се спречи загубата на калциум како и за превенција против респираторни заболувања. Индискиот орев е уникатна намирница коjа е препознатлива по придобивките за срцето и крвните садови. Индискиот орев е богат со бакар, кој помага во елиминација на слободните радикали од телото и со тоа во намалување на ризикот од анемија. Што е посебно за индискиот орев е неговата содржина на биоактивната компонента (пигмент) зеаксантин која е директно апсорбирана од ретината во окото и помага во одржување на здрави очи при процесот на стареење. Амарантот е нутритивно богата суперхрана, богат со минерали како што е калциум, фосфор и високо ниво на протеини. Амарантот е исто така богат со растителни влакна кои ја подобруваат дигестијата и ја регулираат макробиотата во организмот.

Пробајте ги Raw Bars за секојдневно здраво и вкусно уживање во секој момент од денот. Останете енергични и подготвени за сите предизвици со овој високонутритивен оброк!

Погодни за вегани и лица интолерантни на глутен. Без додаден шеќер!

Нето-тежина: 30 г

Содржина

Состав: урма, сува смоква, индиски орев, амарант снегулки, овесни снегулки.

Алергени: производот содржи индиски орев. Може да содржи траги од други јаткасти плодови.

Мислења на потрошувачи

Споделете го вашето искуство со овој производ!
Регистрирај се / Најави се