VIZOL S 0,21% Вештачки солзи, 10 мл

Опис на производот
Вештачките солзи Vizol S ги ублажуваат проблемите на суво око, иритација, печење и непријатност.
Сувоста на окото може да настане поради нарушување на солзниот филм, долготрајна работа на компјутер, носење контактни леќи, престојување на сув и топол воздух, стареење и други субјективни причини. Капките Vizol S 0,21% во својот состав содржат 0,21% натриум хијалуронат и служат како надомест на природните солзи при полесни тегоби кај суво око.
Пакување: 10 мл
Содржина
Состав: натриум хлорид, натриум дихидрогенфосфат дихидрат, натриум хидрогенфосфат безводен, натриум хијалуронат, прочистена вода.
Vizol S 0,21% капките не содржат конзерванс, имаат иновативен апликатор и после отварањето може да се користат 6 месеци!
Употреба: можат да се користат секојдневно и повеќе пати во текот на денот. Погодни се за употреба на корисници на контакни леќи, возрасни, деца и бремени жени.