YSLAB Ocean Bio-Actif Barrier Спреј за нос, 30 мл

YSLAB Ocean Bio Actif Barrier sprej za nos
YSLAB Ocean Bio-Actif Barrier Спреј за нос, 30 мл
299,00 ден.
0
Производот сѐ уште не е оценет
Бренд
Шифра
053056C
favorite_border

Опис на производот

  • Ослободување од симптомите на сува слузокожа на носот
  • Намалување на чувството на чешање и пецкање и намалување на создавањето на красти
  • Хидратација на слузокожата на носот
  • За возрасни и деца над 1 година

Полен, загадување, вируси, студено време и климатизери се најчести причини за појава на сува слузокожа на носот, која може да доведе до проблеми со дишењето, чешање и пецкање на носот и создавање на крусти.

Ocean BIO-ACTIF Barrier Multi - Action се нанесува со помош на пумпа за распрскување при што се овозможува растворот во форма на спреј безбедно и ефикасно да доспее во сите делови на назалните патишта. Освен тоа пумпата за распрскување претставува ефикасен систем кој го намалува ризикот од контаминација во тек на употребата.

  • Ефикасност:

Ефикасноста на производот е потврдена со испитување спроведено на 103 пациенти (од кои 38 пациенти биле со тешка состојба на сува слузокожа на носот). Кај 79% од испитаниците дошло до намалување на сувоста на слузокожа на носот.

  • Дејство:

Ocean BIO-ACTIF Barrier Multi - Action содржи комбинација од изотоничен раствор на морска вода* и хијалуронска киселина, кои дејствуваат така што ја рехидратираат слузокожата на носот и ослободуваат од симптомите на сува слузокожа.

*Потекло: заштитена природна средина од Brittany Франција.

Пакување: 30 мл.

Содржина

Состав:

Изотоничен раствор на морска вода**(99.9%): раствор на морска вода која содржи минерали и елементи во траги природно присутни во морската вода (магнезиум, калциум, калиум, сулфур, хлориди, натриум).

Хијалуронска киселина со висока молекуларна тежина во форма на сол (0,1%): со исклучителни хидратантни и смирувачки карактеристики како резултат на неговиот “fil-forming” ефект.

** слични концентрации на NaCl како концентрациите во хуманите клетки (9g/L).

Производот не содржи конзерванси.

Употреба:

Во тек на употребата, најдобро е растворот да биде на собна температура.

  • При првите знаци на нелагодност (сува слузокожа на носот, чешање, создавање на крусти): по 1 прскање во секоја ноздра, 5 до 6 пати на ден, до исчезнување на симптомите

Производот е наменет за возрасни и деца над 1 година.

Начин на употреба: назална употреба.

Медицинско средство класа I.

  • Извадете го заштитното капаче
  • Кога го употребувате за прв пат после отворање на пакувањето, притиснете неколку пати на пумпата за распрскување
  • Нежно внесете го назалниот продолжеток, вертикално во ноздрата
  • Притиснете ја пумпата за распрскување додека лесно дишете на нос
  • Повторете ја постапката за другата ноздра
  • Ако е потребно издувајте го носот да го отстраните вишокот од раствор
  • За да се избегне ризик од контаминација, измијте го назалниот продолжеток со сапун и топла вода, исплакнете и исушете. Потоа ставете го заштитното капаче

Предупредување:

За индивидуална употреба (еден производ треба да го користи само едно лице). 

Да не се употребува во случај на алергија или хиперсензитивност на некоја од состојките во состав на производот.

Ако се сомневате за нешто или ако симптомите перзистираат, консултирајте се со вашиот лекар или фармацевт.

Да не се надминува препорачаната дневна доза.

Да се чува на места недостапни за деца.

Да не се користи ако пакувањето е оштетено.

Да не се користи по истекување на рокот на употреба, наведен на пакувањето.

Ако дојде до појава на несакани дејства, информирајте го вашиот лекар или носителот на решението за запишување во регистерот на медицински средства достапни во Република Северна Македонија

Начин на чување:

Да се чува во оригинално пакување на температура од 8-35°С.

Мислења на потрошувачи

Споделете го вашето искуство со овој производ!
Регистрирај се / Најави се