YSLAB OCEAN Bio-Actif Nasal Hygiene Спреј за нос, 125 мл

YSLAB Ocean BioActif Nasal Hygiene
YSLAB OCEAN Bio-Actif Nasal Hygiene Спреј за нос, 125 мл
349,00 ден.
0
Производот сѐ уште не е оценет
Бренд
Шифра
053054C
favorite_border

Опис на производот

Редовната хигиена на носот придонесува за заштитa од настинка, алергии и други состојби поврзани со дишењето. Добрата назална хигиена помага во отстранување на слузта и алергените, овозможува хидрирање на слузницата на носот и го помага процесот на заздравување.

Ocean BIO-ACTIF Nasal Hygiene спрејот осигурува оптимално чистење на носните празнини. Помага во отстранување на вишокот на слуз и придонесува за одржување на здравјето на носните патишта. Растворот па пат на микро-дифузија овозможува нежно чистење и го олеснува дишењето.

Изотоничниот раствор на морска вода потекнува од природна, чиста средина од Brittany Франција.

Пакување: 125 мл.

Содржина

Состав: изотоничен раствор на морска вода*.

Производот не содржи конзерванси.

*Изотоничниот раствор на морска вода, има слични концентрации на минерални соли како концентрациите во хуманите клетки.

Употреба: назална употреба.

Прснете по два пати на ден во секоја ноздра.

По потреба (прашина, чад, висока температура...) употребата може да се зголеми.

Со цел да се избегне ризик од контаминација, се препорачува:

- После секоја употреба измијте го назалниот продолжеток со сапун и топла вода и добро исплакнете го. 

- Еден производ треба да го користи само едно лице. 

- Да не се употребува во случај на алергија, интолеранција или хиперсензитивност на состојката во состав на производот.

- Производот е наменет за возрасни и деца над 3 години.

Начин на употреба:

  • Наведнете се над мијалникот
  • Наведнете ја главата на десно, нежно внесете го назалниот продолжеток во левата ноздра и прснете лесно од спрејот
  • Млазот од морска вода се распрснува и ја чисти носната празнина
  • Издувајте го носот
  • Наведнете ја главата на лево и повторете ја постапката за десната ноздра

После секоја употреба измијте го назалниот продолжеток со сапун и топла вода и добро исплакнете го.

Предупредување:

Медицинско средство класа IIa. Контејнер под притисок: може да експлодира ако се загрее. Да се чува на места заштитени од извори на топлина искри, оган, топли површини. Не пушете при употреба на производот. Немојте да го продупчувате или палите контејнерот дури ни кога е празен. Да се чува на места заштитени од сончева светлина. Да не се изложува на високи температури над 50°С. Да се чува на места недостапни за деца. Да се чува на температура од 8-35°С.

Мислења на потрошувачи

Споделете го вашето искуство со овој производ!
Регистрирај се / Најави се