МОМЕНТАЛНИ АКЦИИ

Услугата за достава е достапна на територијата на целата држава и истата е бесплатна со нарачка над 1.500 денари.

Имате можност за избор на термин за достава.

 
Зегин Ортопедик со донација за Универзитетската клиника за детски болести- Скопје

Денеска на  онколошкиот оддел при Универзитетската клиника за детски болести беа донирани детски тоалетни колички за капење. Донацијата ја додели Зегин Ортопедик како дел од Зегин групацијата.

Donacija

Со оваа донација ќе се олеснат условите за престој на најмалите пациенти на овој оддел. Донацијата ја прими Директорката на детската клиника- Аспазија Софијанова, која се заблагодари за хуманиот потег на Зегин Ортопедик во името на целиот тим од онколошкиот оддел предводен од проф. д-р Светлана Кочева.

Хуманата мисија и понатаму продолжува да биде еден од приоритетите на компанијата Зегин која ги поддржува и своите вработени, секогаш кога е потребно. Конкретно, оваа донација  беше иницирана од родител, дел од семејството на Зегин, чие дете престојуваше на овој оддел.