ALKALOID Бетадин 200 мг вагитории, 14 парчиња

Alkaloid Betadine Vagitorii vaginaleti
ALKALOID Бетадин 200 мг вагитории, 14 парчиња
143,00 ден.
0
Производот сѐ уште не е оценет
Категорија
Бренд
Шифра
005340C
favorite_border

Опис на производот

Бетадине (повидон-јод) спаѓа во групата антиинфективни средства. Познат е и како антисептик и дезинфициенс. Ефективен е против голем број бактерии, вируси, габи, протозои и спори.

Вагиториите Бетадине може да се користат за лекување:

  • Акутни и хронични вагинални инфекции (вагинитис), како последица на мешовити или на неспецифични инфекции
  • Инфекции предизвикани од габи (Candida albicans), особено по антибиотска и по стероидна терапија
  • Инфекции предизвикани од Trichomonas vaginalis

Пакување: 14 вагитории.

Содржина

Состав:

Активна супстанција: повидон-јод

  • Една вагиторија содржи 200 мг повидон-јод микронизиран, еквивалентен на 20 мг расположлив јод

Помошни супстанции: макрогол 1000.

Дозирање:
Секогаш употребувајте ги вагиториите Бетадине точно онака како што Ве советувал докторот. Ако не сте сигурни како треба да го употребувате лекот, консултирајте се со доктор или со фармацевт.

  • Еднаш дневно, навечер, пред спиење, вагиторијата се натопува со вода и во лежечка положба се става длабоко во вагината
  • Доколку докторот не пропише поинаку, лекувањето се спроведува во текот на 14 дена и тоа во која било фаза од менструалниот циклус, вклучувајќи ги и деновите на крвавење.

Бидејќи секогаш не може да се спречи истекување на лекот од вагината, се препорачува носење хигиенски влошки (да не се применуваат тампони).

Мерки на претпазливост: Ако сте бремена, ако мислите дека сте бремена, ако планирате да забремените или ако доите, разговарајте со Вашиот доктор или со фармацевт пред да го земете лекот. Употребата на повидон-јод треба да се избегнува освен ако потенцијалната корист за мајката го оправдува потенцијалниот
ризик за фетусот и за новороденчето, или во случај кога не е достапна побезбедна алтернатива.

Вагиториите Бетадине се само за вагинална примена. Лекот не е наменет за девојчиња пред пубертет. Во случај да пропуштите доза, надоместете ја што побрзо. Ако наближува времето за наредната доза, почекајте до терминот и продолжете со вообичаеното дозирање. Ако сте употребиле поголема доза Бетадине отколку што треба веднаш треба да се посоветувате со Вашиот доктор или со фармацевт.

Лекот треба да се чува надвор од дофат на деца! Лекот треба да се чува на температура под 25°С,
Не употребувајте ги вагиториите Бетадине по датумот на истекот на рокот на употреба, којшто е наведен на пакувањето. 

Ве молиме да го известите Вашиот доктор или фармацевт ако употребувате или ако неодамна сте употребувале други лекови, вклучувајќи и лекови што се земаат без рецепт. Особено е важно ако истовремено употребувате: литиум (лек што се користи за терапија на манично-депресивни
нарушувања)

Немојте да употребувате Бетадине ако сте имале алергиска реакција на повидон-јод или на некоја
од другите состојки на овој лек, ако имате проблеми со штитната жлезда; ако имате херпетиформен дерматитис (заболување на кожата); пред. за време на и по примена на радиојод, Ако користите препарати што содржат жива поради создавањето супстанции коишто може да ја оштетат кожата.

Бидете особено претпазливи со Бетадине ако имате бубрежни заболувања, заболување на црниот дроб. Кај пациенти со бубрежна инсуфициенција не се препорачува употреба на повидон-јод поради опасноста од појава на метаболична ацидоза и на нефротоксичност.
Доколку се појават знаци на локална интолеранција (иритација преосетливост), потребно е да се прекине лекувањето и по потреба да се консултира доктор.
Употребата на повидон-јод може да доведе до минливо обојување на кожата на местото на примена, коешто е предизвикано од бојата на лекот.
Лекот може да дејствува спермицидно и не би требало да се користи доколку се планира бременост.

Посебно предупредување: 
Кафеавата обоеност на повидон-јодот е индикатор за ефикасноста на препаратот. Губењето на обоеноста е знак за значително намалување на активноста на повидон-јодот.

Мислења на потрошувачи

Споделете го вашето искуство со овој производ!
Регистрирај се / Најави се