ALKALOID Блокмакс суспензија за деца, 3+ месеци, 100 мл

Alkaloid Blokmax for Kids, 100 mg 5 ml blokmaks sirup za deca
ALKALOID Блокмакс суспензија за деца, 3+ месеци, 100 мл
200,00 ден.
0
Производот сѐ уште не е оценет
Бренд
Шифра
019327C
favorite_border

Опис на производот

Alkaloid Blokmax for Kids БлокМАКС за деца

Содржи ибупрофен која претставува нестероиден антиинфламаторен лек (НСАИЛ). 

  • Се употребува како аналгетик (лек против болка) за намалување на слаба до умерена болка, како на пр. болка во грлото, болка при растење на забите, забоболка, болка во увото, главоболка, болка при помали повреди (на пр. исчашувања, истегнувања)
  • Ја намалува покачената телесна температура (треска), вклучувајќи и покачена телесна температура по вакцинација
  • Ги ублажува симптомите на настинка и грип

Пакување: 100 мл суспензија.

 

Содржина

Состав: Активна супстанција е ибупрофен. 5 мл перорална суспензија содржи 100 мг ибупрофен.

Помошни состојки: сорбитол - течен, некристализирачки (Е420); глицерол; ксантан гума; микрокристална целулоза и кармелоза натриум; полисорбат 80; динатриум едетат; натриум бензоат (Е211); натриум цитрат; лимонска киселина монохидрат; сахарин натриум; натриум хлорид; арома на кајсија (пропилен гликол, состојки за арома, природни состојки за арома, масло од портокал, масло од лимон); средство за подобрување на вкусот и мирисот (малтодекстрин од компир, состојки за арома, аспартам (Е951), ацесулфам-К (Е950)); боја Е110; емулзија симетикон 30%; прочистена вода.

Употреба: За перорална употреба. Пред секоја употреба суспензијата треба добро да се протресе! За давање на лекот користете го градуираниот перорален шприц.

1. Покачена телесна температура (треска), намалување болка и симптоми на настинка и на грип: Дневната доза е 20-30 мг/кг, поделена во неколку дози:

  • Мали деца на возраст од 3 до 6 месеци, со телесна тежина над 5 кг: доза од 2.5 мл, 3 пати во текот на 24 часа
  • Мали деца на возраст од 6 до 12 месеци: доза од 2.5 мл, 3-4 пати во текот на 24 часа
  • Деца на возраст од 1 до 3 години: доза од 2.5 мл, 3-4 пати во текот на 24 часа или 5 мл, 3 пати во текот на 24 часа
  • Деца на возраст од 4 до 6 години: доза од 7.5 мл, 3 пати во текот на 24 часа
  • Деца на возраст од 7 до 9 години: доза од 10 мл, 3 пати во текот на 24 часа
  • Деца на возраст од 10 до 12 години: доза од 15 мл, 3 пати во текот на 24 часа

Дозите треба да се даваат на секои 6 до 8 часа. Треба да поминат најмалку 4 часа помеѓу дозите.
Лекот е наменет само за краткотрајна употреба.

За деца на возраст од 3 до 6 месеци треба да се побара медицински совет ако симптомите се влошат или ако нема подобрување во текот на 24 часа. За деца на возраст од 6 месеци или постари потребна е консултација со доктор ако симптомите се влошат или ако нема подобрување во текот на 3 дена.
2. Покачена телесна температура по вакцинација: e 2.5 мл. Доколку има потреба, дополнителна доза од 2,5 мл се дава 6 часа подоцна. Да не се даваат повеќе од две дози од по 2.5 мл за 24 часа. Ако покачената телесна температура не се намали, консултирајте се со Вашиот доктор.

Мерки на претпазливост: Пред употреба на лекот внимателно прочитајте го упатството бидејќи содржи важни информации за Вас. Секогаш употребувајте го овој лек точно онака како што е опишано во ова упатство или како што Ви кажал Вашиот доктор или фармацевт. Ако забележите некоја несакана појава, известете го Вашиот доктор или фармацевт. Тоа се однесува и на несакани појави кои не се наведени упатството. Ако симптомите на Вашето дете се влошат или ако во текот на 24 часа (за деца на возраст од 3 до 6 месеци) или во текот на 3 дена (за деца на возраст од 6 месеци и постари) не се подобрат, тогаш мора да го известите Вашиот доктор.

Ако сте дале поголема доза отколку што треба, веднаш треба да побарате медицинска помош. Ако заборавите доза, дајте ја следната по потреба, но само доколку поминале најмалку 4 часа од земањето на последната доза. Не давајте двојна доза за да ја надоместите пропуштената.
Доколку имате дополнителни прашања за употребата на овој лек, консултирајте се со доктор или со фармацевт. 

Немојте да давате БлокМакс за деца ако Вашето дете: имало алергиска реакција на ибупрофен или на која било состојка на лекот, имало алергиска реакција на аспирин или на друг нестероиден антиинфламаторен лек, тежи помалку од 5 кг или е на возраст помала од 3 месеци, има или имало пептичен улкус, перфорација или гастроинтестинално крвавење (барем две одделни епизоди), некогаш имало гастроинтестинално крвавење или перфорација поврзана со претходна употреба на НСАИЛ, има тешка црнодробна, бубрежна или срцева болест.

Советувајте се со Вашиот доктор или фармацевт пред да дадете БлокМакс за деца ако Вашето дете има или имало астма или алергија, има нарушена функција на бубрезите, срцето, црниот дроб или гастроинтестинални нарушувања има системски лупус еритематозус (SLE) - состојба на имунолошкиот систем која ги зафаќа сврзните ткива и резултира со болки во зглобовите, промени на кожата и нарушувања на другите органи, има хронична воспалителна болест на цревата, како Кронова болест или улцеративен колитис. Антиинфламаторните лекови лековите против болка, како што е ибупрофен, можат да бидат поврзани со мало зголемување на ризикот од срцев удар или од мозочен удар, особено кога се користат во големи дози.
Да не се надминува препорачаната доза и времетраењето на терапијата.
Обратете се кај доктор или кај фармацевт пред да дадете БлокМакс за деца ако пациентот има проблеми со срцето, вклучувајќи срцева слабост, ангина (болка во градите), или ако имал срцев удар, вградување бајпас, периферна артериска болест (слаба циркулација во нозете или во стапалата поради стеснување на артериите или поради блокирани артерии), или каков било вид мозочен удар (вклучувајќи „мини мозочен удар" или транзиторен исхемичен напад ("TIA")), има висок крвен притисок, дијабетес, висок холестерол, семејна историја на срцеви заболувања или на мозочен удар, или ако е пушач.

При употреба на НСАИЛ многу ретко се регистрирани сериозни кожни реакции. Терапијата со ибупрофен треба да се прекине при првата појава на исип на кожата, оштетување на слузниците или при кој било друг знак на преосетливост. Лековите како што е ибупрофен може да предизвикаат намалување на плодноста кај жените, што е реверзибилно со прекин на терапијата.

Известете го Вашиот доктор или фармацевт ако Вашето дете прима, неодамна примало или би можело да прима некој друг лек. БлокМакс за деца може да влијае на некои лекови, но и други лекови може да влијаат на БлокМакс за деца. На пример: аспирин или други нестероидни антиинфламаторни лекови (НСАИЛ); лекови кои се користат за намалување висок крвен притисок (АКЕ-инхибитори, како што е каптоприл, бета-блокатори, како што е атенолол, антагонисти на рецепторите на ангиотензин-II, како што е лосартан); лекови за исфрлање течности преку мокрење (диуретици); лекови кои ја спречуваат коагулацијата (т.е. ја разредуваат крвта спречуваат создавање тромбови, како пр. аспирин/ацетилсалицилна киселина, Варфарин, тиклопидин); селективни инхибитори на повторното преземање на серотонинот (SSRI) - за терапија на депресија; кортикостероиди (противвоспалителни лекови); срцеви гликозиди (за терапија на болести на срцето); метотрексат (за терапија на карцином, ревматски болести, псоријаза); литиум (за терапија на депресија); фенитоин (антиепилептичен лек); циклоспорин или такролимус (за намалување на реактивноста на имунолошкиот систем); мифепристон (за прекинување бременост); зидовудин (антивирусен лек); кинолонски антибиотици (за инфекции). Некои други лекови исто така може да влијаат на БлокМакс за деца и БлокМакс за деца може да влијае на други лекови. Затоа, секогаш советувајте се со Вашиот доктор или фармацевт пред употреба на лекот БлокМакс за деца заедно со други лекови.
БлокМакс за деца содржи сорбитол. Ако докторот Ви кажал дека Вашето дете не поднесува некои шеќери, пред да го дадете овој лек контактирајте со докторот. БлокМакс за деца содржи 1,326 ммол (или 30,51 мг) натриум во максималната поединечна доза (15 мл). Да се земе предвид кај пациенти кои се на диета со контролиран внес на натриум.
БлокМакс за деца содржи аспартам (Е950), којшто е извор на фенилаланин. Може да биде штетен за лица со фенилкетонурија.
БлокМакс за деца исто така содржи боја Е110, која може да предизвика алергиски реакции.

По првото отворање лекот е стабилен 3 (три) месеци. Лекот не бара посебни услови за чување. Лекот да се чува надвор од дофат на деца! Не употребувајте БлокМакс за деца по датумот на истекот на рокот на употреба, наведен на пакувањето. Датумот на истекот на рокот на употреба се однесува на последниот ден од тој месец.

Мислења на потрошувачи

Споделете го вашето искуство со овој производ!
Регистрирај се / Најави се