ALKALOID Диастоп беби капки, 10 мл

DIASTOP BABY peroralni kapki
ALKALOID Диастоп беби капки, 10 мл
507,00 ден.
0
Производот сѐ уште не е оценет
Бренд
Шифра
050303C
favorite_border

Опис на производот

ДИАСТОП за бебиња е пробиотик којшто содржи млечнокиселински бактерии од сојот Lactobacillus rhamnosus. Истите се вклучени во воспоставувањето и во одржувањето на рамнотежата и функцијата на цревната микрофлора и го стимулираат развојот на имунолошкиот систем. Може да се користат од најмала возраст, кај новороденчињата, доенчињата и кај малите деца.

ДИАСТОП за бебиња се користи за превенција и за дополнително лекување состојби предизвикани од нарушување на рамнотежата на цревната микрофлора коишто се манифестираат со стомачни грчеви (колики), пролив, надуеност и со други стомачни нарушувања, како и со атопичен дерматитис.

Такви состојби се:

  • бактериски и вирусни желудочно-цревни инфекции (на пр. ротавирусни инфекции, пролив којшто се појавува при патување)
  • лекување со антибиотици со широк спектар

Пакување: 10 мл.

Содржина

Состав: пробиотски производ којшто содржи млечнокиселински бактерии од сојот:

  • Lactobacillus rhamnosus KP GG (ATCC 53103)

Употреба:

Новороденчиња, доенчиња и деца до 6-годишна возраст: 9 капки дневно. 

ДИАСТОП за бебиња е наменет за перорална употреба (преку уста). Најдобро е капките ДИАСТОП за бебиња да се земаат за време на јадење (заедно со оброк).

Капките може да се земаат со директно капнување во устата или помешани со мало количество вода, млеко, овошен сок, со други негазирани пијалаци или со храна (чија температура не е поголема од 37°C).

Пред секоја употреба шишенцето треба добро да се протресе за да се измеша содржината на дното од шишенцето и да се добие хомогена суспензија.

По првото отворање производот може да се употребува во рок од 5 (пет) недели.

Мислења на потрошувачи

Споделете го вашето искуство со овој производ!
Регистрирај се / Најави се