ALKALOID Екосал форте, раствор 500 мл

ALKALOID Екосал форте, раствор 500 мл
193,00 ден.
0
Производот сѐ уште не е оценет
Бренд
Шифра
047784C
favorite_border

Во моментов услугата за достава е достапна само во град Скопје

Опис на производот

Ecosal®forte - Полиалкохолен антисептичен раствор за дезинфекција на раце.

Особини и делување - Ecosal®forte е бистар раствор со карактеристичен мирис. Има широк спектар на микробицидно дејство и брз микробициден ефект, дури и во присуство на органски  материи. 

Во споредба со антисептичните сапуни има подобар микробициден ефект. Овозможува нега на кожата на рацете при честа употреба, а се  избегнува и честото користење сапуни, што предизвикува оштетување на кожата и се избегнува ризикот од прскање и контаминација на облеката и на просторот. Времето потребно за хигиенска дезинфекција на рацете е неколку пати пократко во однос на хигиенското миење на рацете.

  • Бактерицид-вклучувајќи ги и Staphylococcus aureus, MRSA, Pseudomonas aeruginosa, Еscherichia coli, Enterococcus
  • Tуберкулоцид
  • Фунгицид-вклучувајќи ги и Candida albicans и Aspergillus niger
  • Вируцид-обвиткани и необвиткани вируси, вклучувајќи ги и HBV, HIV, HCV, Rota virus, Influenza virus, Herpes virus, SARS, SV 40, HAV
  • Согласно научни студии и тестирања докажано дејство и кон SARS-CoV-2
  • ECOSAL®forte има дозвола за употреба во прехранбената индустрија

Пакување: 500 мл

Содржина

Состав:

100 мл раствор содржи: етанол 46.0 г, 2-пропанол 25.0 г

Помошни состојки: адитив за нега на кожата.

Употреба:

  • Хигиенска дезинфекција на раце (со втривање)
  • При контаминација на рацете со патогени микроорганизми
  • Превентива од Hepatitis B, AIDS, грип, туберкулоза итн
  • Се употребува во болници и други медицински установи, во медицинска и стоматолошка практика, фармацевтска и прехранбена индустрија, домови за стари и за изнемоштени лица

Мислења на потрошувачи

Споделете го вашето искуство со овој производ!
Регистрирај се / Најави се