ALKALOID Кафетин колд плус, 10 таблети
Опис на производот
Caffetin Cold plus претставува комбиниран препарат којшто содржи повеќе активни супстанции. Парацетамолот ја ублажува болката и ја намалува телесната тампература. Псевдоефедринот ја намалува назалната конгестија овозможувајќи проодност во носот и во дишните патишта. Декстрометорфанот, пак, ја ублажува кашлицата предизвикана од слаба иритација на грлото и на дишните патишта. Витаминот Ц го поттикнува имунолошкиот систем.
Caffetin Cold plus се употребува за ублажување на главните симптоми на настинка и грип (главоболка, болка во мускулите, болка во грлото, назална конгестија, зголемена телесна температура, кашлица).
Пакување: 10 таблети.
Содржина
Состав:
Парацетамол | 500 мг |
Псевдоефедрин хидрохлорид | 30 мг |
Декстрометорфан хидробромид | 15 мг |
Витамин Ц (комбинација од природен и од синтетски витамин Ц) | 60 мг |
Употреба: возрасни и деца над 12 години се препорачува по 1 таблета 4 пати на ден, интервалот помеѓу одделни дози треба да биде најмалку 4 часа (најмногу 4 пати х 2 таблети на ден).