ALKALOID Назопас 0.25 мг/мл капки 10 мл

ALKALOID Назопас 0.25 мг/мл капки 10 мл
119,00 ден.
0
Производот сѐ уште не е оценет
Бренд
Шифра
037188C
favorite_border

Во моментов услугата за достава е достапна само во град Скопје

Опис на производот

Активната супстанција на овој лек е оксиметазолин хидрохлорид, којшто се користи како назален деконгестив.

Стеснувајки ги артериолите, тој го намалува отокот на носната слузница и секрецијата од носот. На тој начин се олеснува дишењето преку носот и се ублажуваат придружните знаци на настинката. Оксиметазолинот поседува и противвоспалително и антиоксидативно дејство.

Назопас поседува антивирусно дејство врз одредени вируси коишто главно предизвикуваат респираторни болести.

Капките Назопас може да ги користите ако имате:

  • Акутна кивавица
  • Кивавица поради алергии
  • Риносинуситис
  • Воспаление на средното уво (otitis media) - за подобрување на функцијата на Евстахиевата туба

Пакување: 10 мл

Содржина

Состав: 1 мл содржи oxymethazoline hydrochloride 0.25 мг

Употреба

Деца од 2 до 6 години: една до две капки во секоја носница, два до три пати дневно. Главата треба да биде наведната наназад и да се дише нормално. Назопас може да се користи во пропишаните дози не подолго од седум дена.

Мислења на потрошувачи

Споделете го вашето искуство со овој производ!
Регистрирај се / Најави се