ALKALOID Назопас капки 0.5 мг/мл, 10 мл
Опис на производот
Активната супстанција на овој лек е оксиметазолин хидрохлорид, којшто се користи како назален деконгестив.
Стеснувајки ги артериолите, тој го намалува отокот на носната слузница и секрецијата од носот. На тој начин се олеснува дишењето преку носот и се ублажуваат придружните знаци на настинка. Оксиметазолинот поседува и противвоспалително и антиоксидативно дејство.
Назопас поседува антивирусно дејство врз одредени вируси коишто главно предизвикуваат респираторни болести.
Капките Назопас може да ги користите ако имате:
- Акутна кивавица
- Кивавица поради алергии
- Риносинуситис
- Воспаление на средното уво (otitis media) - за подобрување на функцијата на Евстахиевата туба
Пакување: 10 мл
Содржина
Состав: 1 мл содржи oxymethazoline hydrochloride 0.5 мг
Употреба:
- Возрасни, адолесценти и деца над 6 години: една до две капки Назопас во секоја носница, два пати до три пати дневно.
Главата треба да биде наведната наназад и да се дише нормално. Назопас може да се користи во пропишаните дози не подолго од седум дена.