APTAMIL Premature 400 г

APTAMIL Premature 400 г
940,00 ден.
0
Производот сѐ уште не е оценет
Бренд
Шифра
006327C
favorite_border

Во моментов услугата за достава е достапна само во град Скопје

Опис на производот

Храна за посебни медицински намени.

За диететско регулирање на недоносени и доенчиња со ниска родилна тежина.

Погодна за употреба како единствен извор на исхрана до 6 месечна возраст.

За диететско регулирање на НЕДОНОСЕНИ И ДОЕНЧИЊА СО НИСКА РОДИЛНА ТЕЖИНА.

  • Енергетска густина
  • Висок сооднос протеини: енергија
  • Есенцијални нутритиенти
  • Прематурна формула

Овој производ мора да се користи под медициски надзор.

Пакување: 400 г

НАША УНИКАТНА ЕКСПЕРТИЗА

NUTRICIA има над 120 годишна експертиза за исхрана во рана возраст и 40 години ги предводи истражувањата со нашиот посветен тим од повеќе од 500 научници и експерти.

Нашето истражување ни овозможи да ја создадеме нашата единствена Aptamil® Premature формула, специјално создадена да ги задоволи зголемените нутритивни потреби на недоносените и доенчињата со ниска родилна тежина.

40 годишно истражување за недоносени и доенчиња со ниска родилна тежина.

Aptamil® Premature: храна за посебни медицински намени.

Скроена за да ги задоволи нутритивните потреби на недоносените и доенчињата со ниска родилна тежина

  • Енергетска густина
  • Висок сооднос протеини: енергија
  • Есенцијални нутритиенти

Содржина

Состав: обезмастено млеко, лактоза (од кравјо млеко), глукозен сируп, растителни масла (високо олеинско сончогледово масло, масло од маслодајна репка, сончогледово масло, средноверижни триглицериди (кокосово масло и/или палмово масло) масло од жолто ноќниче, сурутка (од кравјо млеко), галакто-олигосахариди (од кравјо млеко), безводна млечна маст (од кравјо млеко), маст од јајце, малтодекстрин, натриум цитрат, фрукто-олигосахариди, калциум фосфат, рибино масло, натриум хлорид, калциум карбонат, масло од Mortierella Alpina, Л-аскорбинска киселина, инозитол, холин хлорид, магнезиум хлорид, калиум цитрат, соја лецитин, ДЛ-алфа токоферил ацетат, таурин, железо сулфат, цинк сулфат, никотинамид, цитидин 5-монофосфат, Л-карнитин, уридин 5’монофосфат натриумова сол, калциум Д-пантотенат, инозин 5’монофосфат натриумова сол, аскорбил палмитат, аденозин 5’монофосфат, бакар сулфат, гванозин 5’монофосфат натриумова сол, ретинил ацетат, ДЛ-алфа токоферол, тиамин хидрохлорид, ретинил палмитат, рибофлавин, пиридоксин хидрохлорид, птероилмоноглутаминска киселина, калиум јодид, натриум селенит, фитоменадион, манган сулфат, Д-биотин, холекациферол, цијанокобаламин.

Совет за алергии: содржи млеко, риба, јајце и соја.

Aptamil® Premature треба да се дава само според препишаното од доктор.

Табелата за исхрана е генерализирана, Вашето бебе може да има потреба од повеќе или помалку формула од прикажаното.

Возраст на доенчето

Просечна тежина (кг)

Оброци во тек на 24 часа

Вода (мл)

Рамни дозерки

0-14 дена

2,5-3

7

60

2

2-8 недели

3-3,5

6

90

3

2 месеци

3,5-4

5

120

4

3 месеци

4-5

5

150

5

4 месеци

5-6

5

180

6

5 месеци

6-7

5

210

7

Од 6 месеци натаму

>7

4

210

7

 

Стандардно дозирање:

100 мл Aptamil® Premature = 90 мл вода на 40℃ (пожелно)+ 3 рамни дозерки = 335 kj (80 kcal).

1 рамна дозерка = 5.6 г. Користете ја само дозерката во пакувањето.

Не ја правете формулата појака или послаба од препорачаното

Подготовка на оброкот на Вашето бебе:

  1. Секогаш измијте си ги рацете и исчистете се што ќе користите во подготовка на оброкот.
  2. Стерилизирајте ги шишето и цуцлата, или чашата, со вриење во вода во тек на 10 минути.
  3. Зовријте чиста вода за пиење во тек на 10 минути, оставете малку да се олади. Споредете со упатството за употреба, сипете точно количество од претходно зовриената млака вода во стерилизирано шише/ чаша.
  4. Додадете точен број на рамни дозерки на прав од Aptamil® Premature. Израмнете ја секоја дозерка со позадината на чист нож. Не притискајте.
  5. Затворете го шишето/чашата и добро протресете додека правот потполно не се раствори. Ставете серилизирана цуцла на шишето. Проверете ја температурата на оброкот на внатрешноста на рачниот зглоб. Искористете го оброкот веднаш после подготовката.
  6. Исчитете ги шишето и цуцлата, или чашата веднаш после употребата. Никогаш не ги користете повторно остатоците од оброкот. Чувајте ја лименката цврсто затворена на ладно, суво место, не во фрижидер. Искористете во тек на три недели од отварањето.

Мислења на потрошувачи

Споделете го вашето искуство со овој производ!
Регистрирај се / Најави се