BAYER Аспирин плус Ц 400 мг/240 мг, 10 шумливи таблети

BAYER Аспирин плус Ц 400 мг/240 мг, 10 шумливи таблети
234,00 ден.
0
Производот сѐ уште не е оценет
Бренд
Шифра
011621C
favorite_border

Опис на производот

  • Аспирин плус Ц е лек што ублажува болки, намалува зголемена температура и дејствува против-воспалително (нестероиден антиинфламаторен/аналгетски лек)
  • Витаминот Ц ја зголемува отпорноста на организмот кај инфективни болести  и при физичка активност

Се употребува за:

Симптоматско ослободување од главоболка, забоболка, болки во грлото, болка во грбот, менструални тегоби, болка во зглобовите и мускулите, умерена артритична болка. Намалување на зголемената телесна температура и треска кај настинка и грип.

Пакување: 10 шумливи таблети

Содржина

Употреба:

Секогаш земајте Аспирин плус така како што е одредено во упатството за употреба. Треба да проверите со Baшиот доктор или фармацевт ако не сте сигурни како да го земете овој лек.

Освен ако поинаку не е препишано од Вашиот доктор, вообичаената  доза е:

Возрасни:

1 до 2 шумливи таблети (400 до 800 мг ацетилсалицилна киселина) на секои 4 до 8 часа. Максимална дневна доза е 10 шумливи таблети (4000 мг ацетилсалицилна киселина).

Деца над 12 годишна возраст:

Се препорачува дневна доза на ацетилсалицилна киселина од 60 мг/кг телесна маса, разделена на 4 до 6 одделни дози (15 мг/кг на секои 6 часа или 10 мг/кг на секои 4 часа). Се препорачува еднократна доза од 1 шумлива таблета (400 мг ацетилсалицилна киселина).

Растворете ја шумливата таблета во чаша вода и испијте ја.

Аспирин плус Ц земајте најмноrу 3 до 5 дена. Ако симптомите не исчезнат или ако се повторуваат, посоветувајте се со својот доктор.

Бременост и доење: Ве молиме да се консултирате со Вашиот доктор или фармацевт пред да земете било каков лек.

Лекот чувајте го на места недостапни за деца!

Лекот да се чува на температура до 25°С.

Мислења на потрошувачи

Споделете го вашето искуство со овој производ!
Регистрирај се / Најави се