BECUTAN Пенливо средство за капење 200 мл

BECUTAN Пенливо средство за капење 200 мл
119,00 ден.
0
Производот сѐ уште не е оценет
Бренд
Шифра
006413C
favorite_border

Во моментов услугата за достава е достапна само во град Скопје

Опис на производот

Becutan пенливото средство за капење е благо средство наменето за нега на нежната детска кожа. Се препорачува за употреба уште од самото раѓање. Темелно ја чисти и негува кожата, не иритира.

Благодарение на посебните хидратантни состојки, дури и при често капење, не ја суши чувствителната бебешка кожа.

Новороденчињата доаѓаат на свет покриени со креместа обвивка, наречена Vernix caseosa. Оваа обвивка има функција да ја штити нивната кожа во текот на целата бременост. Со цел да бидеме што поблиску до негата на која се навикнати бебињата во стомакот на мама, Becutan пенливото средство за капење содржи Glyceryl oleat - природна состојка која е составен дел на Vernix caseosa, што особено придонесува во одржувањето на заштитната функција на бебешката кожа.

За капење на Вашето бебе идеална температура на водата е 36°C. Температурата на просторијата пожелно е да се движи во интервалот од 22-24°C.

По капењето, водата од косата и телото на бебето впијте ја со нежно тапкање. Притоа, користете мека, фротирна крпа.

Пакување: 200 мл

Содржина

Уживајте додека го капете Вашето дете, тоа се моменти на радост и зближување.

  • Не содржи сапун
  • Не содржи алкохол
  • Не содржи парабени
  • Клинички тестиран
  • Развиен во соработка со дерматолози и педијатри
  • Препорачлив е за нега на чувствителна кожа кај сите возрасти
  • Има приспособена pH вредност

Мислења на потрошувачи

Споделете го вашето искуство со овој производ!
Регистрирај се / Најави се