BECUTAN Прашок за подготовка на електролитен раствор со сладок анасон, 6.15 г

BECUTAN Прашок за подготовка на електролитен раствор со сладок анасон, 6.15 г
27,00 ден.
0
Производот сѐ уште не е оценет
Бренд
Шифра
030582C
favorite_border

Опис на производот

Електролитот BECUTAN со сладок анасон за доенчиња, деца и за возрасни претставува прашок за подготовка на перорален раствор за рехидратација и е наменет за надоместување на загубите на вода и на електролити при дијареја и при повраќање.

Електролитот BECUTAN со сладок анасон е мешавина од минерални материи, гликоза и екстракт од плод од сладок анасон, кој дополнително помага при состојби на нарушување на варењето на храната. Воедно, екстрактот од сладок анасон е и одличен подобрувач на вкусот и го прави растворот вкусен и пријатен за пиење.

Електролитот BECUTAN со сладок анасон е без додаток на ароми и се препорачува за најмалите, доенчињата и за децата до 12-месечна возраст, но и за сите возрасти.

  • За доенчиња, деца и возрасни
  • За надоместување на загубите на вода и електролити при дијареја и повраќање
  • Без додаток на ароми

Содржина

Се препорачува електролитот BECUTAN со сладок анасон и електролитот BECUTAN со маточина и со лимон да се користат под медицински надзор.

Приготвувањето е едноставно – една кесичка прашок Becutan (6,15 г) се раствора во 300 мл свежо зовриена и оладена вода.

Препорачаните дози се декларирани на самата амбалажа на производите.

Електролитните раствори се пијат полека, со земање мали голтки на одредено време, со цел целосно да се апсорбираат. Се препорачува приготвените раствори да се чуваат во затворен сад, но не повеќе од 24 часа.

Се препорачува внимателно користење на растворите кај лица со висок крвен притисок поради содржината на натриум.

Мислења на потрошувачи

Споделете го вашето искуство со овој производ!
Регистрирај се / Најави се