МОМЕНТАЛНИ АКЦИИ

Услугата за достава е достапна на територијата на целата држава и истата е бесплатна со нарачка над 1.500 денари.

Имате можност за избор на термин за достава.

 

Безглутенски чоколаден тарт

Неодолив чоколаден тарт без глутен, кој го обожаваат и оние кои немаат проблем со глутенот

Состојки:

Gluten-free chocolate cake, cokoladen tart bez gluten

Подготовка  на тесто:

Загрејте ја рерната на 180°C. Земете сад за тарт 9” со дно кое се отстранува. Намастете го садот.

Во еден сад измешајте ги кокосовите снегулки, дробените јатки, брашното од ориз, кокосовото масло, шеќерот и какаото додека не се формира густа леплива смеса. Потоа префрлете ја смесата во подготвениот сад за тарт. Со рацете цврсто притискајте ја смесата на дното и по страните на садот за тарт. Печете 10 минути, а потоа оставете комплетно да се излади.

Подготовка на чоколаден крем:

Во мал сад загрејте го кремот од кокос  до пред зовривање со повремено мешање, а потоа додадете го чоколадото и прстофат сол. Загревајте ја смесата 3-4 минути со повремено мешање. Потоа префрлете го кремот врз тестото во садот за тарт. Ставете го тартот во фрижидер да отстои непокриен 2 часа. За сервирање декорирајте со замрзнато шумско овошје по желба.