Безглутенски крокети од сино сирење
Овие вкусни вегератијански крокети се крцкави однадвор и меки одвнатре, со преубав вкус на сино сирење.
Со овој рецепт можете да подготвите и крокети, а времето на подготовка е 3-4 минути
Состојки
- 50 г путер
- 150 мл млеко
- 75г оризово брашно без глутен
- 1/8 лажичка сол
- 1/8 лажичка бибер
- 2 супени лажици исечкан магдонос
- 100 г сино сирење
- 25 г путер
- 1 лажица маслиново масло
- 1 јајце
- 50 г трошки од корнфлекс
Подготовка
- Во сад на тивок оган ставете ги путерот (50 г), млекото и оризовото брашно.
- Зачинете со сол и бибер, мешајте редовно додека смесата не се згусне.
- Продолжете со мешање додека густиот сос не стане меко тесто.
- Отстранете го садот од оган, покријте го и оставете го да се олади.
- Исечкајте го магдоносот и издробете го сирењето.
- Додадете ги магдоносот и сирењето во мекото тесто и мешајте добро.
- Разделете ја смесата на 8 дела и обликувајте го секој во округол крокет.
- Во сад искршете едно јајце и изматете го добро
- Ставете ги трошките од корнфлекс во друг сад
- Едно по едно, потопувајте ги крокетите во садот со јајце, а потоа во садот со корнфлекс.
- Ставете ги крокетите на чинија и подгответе се за готвење
- Загрејте го путерот (25 г) на среден оган.
- Ставете ги крокетите во тавчето и пржете ги додека не добијат златно кафена боја, околу 3-4 минути.
- Вртете ги наизменично додека не се испржат цели од сите страни.