BIOGAIA Protectis Пробиотски капки со витамин Д3, 5 мл

BIOGAIA Protectis Пробиотски капки со витамин Д3, 5 мл
770,00 ден.
0
Производот сѐ уште не е оценет
Бренд
Шифра
052205C
favorite_border

Во моментов услугата за достава е достапна само во град Скопје

Опис на производот

БиоГаја ПроТектис капките со витамин Д се граничен производ којшто содржат Limosilactobacillus Reuteri, природен лактобацил, кој го помага возобновувањето на природниот баланс во цревата и одржувањето на истиот.

Limosilactobacillus Reuteri Protectis е пробиотик и претставува најчест пронајден присутен сој на Lactobacillus во цревата на човекот. Кај доенчиња, мали деца и возрасни помага во возобновување и одржување на природниот баланс во цревата, ја воспоставува и одржува микрофлората на гастроинтестиналниот тракт, ги спречува коликите, го модулира имунолошкиот одговор и ги спречува инфекциите.

Limosilactobacillus Reuteri Protectis е еден од нај испитуваните пробиотски ланци во големи клинички студии и е одобрен како ефикасен и безопасен производ за деца вклучувајќи ги и новородените деца.

Витаминот Д учествува во градење, раст и одржување на коските кај доенчиња, мали деца и возрасни. Има антиинфламаторни, антиоксидативни и невропротективни својства, го поддржува имуниот одговор, мускулната функција и активноста на мозочните клетки. Недоволни количини на витамин Д во организмот доведува до појава на рахитис кај деца а кај возрасните и постари лица до остеопороза.

БиоГаја ПроТектис капките се препорачуваат при:

  • Новородени деца кои се родени со царски рез за обезбедување и одржување на нормалниот цревен микробиот
  • Интестинални колики (грчеви) кај новородени деца и доенчиња
  • Третман и превенција на регургитација кај новородени деца и доенчиња
  • Третман и превенција на констипација кај новородени деца, доенчиња и адулти
  • Третман и превенција на функционална абдоминална болка кај деца
  • Го намалува ризикот од појава на NEC (некротизирачки ентероколитис) кај новородени деца
  • Дополнителна терапија на антибиотско лекување
  • Дијареја
  • Подобрување на имунитетот
  • Помага во спречување на појава на егзема кај деца со атописка конституција
  • Кај деца и возрасни, како дополнителна терапија, го намалува присуството на helicobacter pylori
  • Помага во одржувањето на здравјето на устата и забите (L. Reuteri е единствен пробиотик присутен во усната празнина кој може да убие одредени видови бактерии кои предизвикуваат расипување на забите)

Пакување: 5 мл

Содржина

Состав: L. reuteri DSM 17938 и витамин Д3.

Една доза (5 капки) содржи минимум 100 милиони живи Limosilactobacillus reuteri Protectis и 10 мкг витамин Д3 што одговара на 200% од DRI (дневна референтна доза) во ЕУ.

Помошни супстанции: сончогледово масло, средноверижно триглицеридно масло (масло од јатка од палма).

Употреба

5 капки еднаш дневно. Протресете добро пред употреба. Навалете го шишето да се формираат капките и дозирајте со лажица. Не ги употребувајте со топла храна и топли напитоци.

Да се чува во оригинално пакување на суво место на температура до 25°С. Да се чува на места недостапни за деца!

Отвореното пакување треба да се искористи во период од 3 месеци после првото отварање.

Мислења на потрошувачи

Споделете го вашето искуство со овој производ!
Регистрирај се / Најави се