BIOLEVOX HA Хијалуронска киселина интраартикуларен гел 2.2% 2 мл

BIOLEVOX HA Хијалуронска киселина интраартикуларен гел 2.2% 2 мл
3.950,00 ден.
0
Производот сѐ уште не е оценет
Бренд
Шифра
032111C
favorite_border

Во моментов услугата за достава е достапна само во град Скопје

Опис на производот

Biolevoxtam HA Hyaluronic Acid

Натриум хијалуронат е добиен по пат на бактериска ферментација и се користи како вискоеластичен гел за надополнување на интраартикуларното сврзно ткиво. Гелот е стерилен и апироген.

Терапевтски индикации : болка и ограничена подвижност на зглобовите поради дегенеративни и трауматски нарушувања на зглобовите на колената и на другите синовијални зглобови.

Една кутија содржи еден предходно наполнет шприц од 2 ml со 44 mg натриум хијауронат спакуван во стерилна ќесичка и посебно спакувана една стерилна игла (19 или 21 G).  

Содржина

Состав:

1 ml  содржи:
Натриум хијалуронат                         22 mg
Натриум хлорид 0.9%                       8.5 mg
Динатриум хидрогенфосфат           0.563 mg
Натриум дихидрогенфосфат           0.045 mg
Вода за инјектирање                        q.s.
Состав : 1 ml раствор содржи 22 mg натриум хијалуронат добиен по пат на ферментација, бафер солуција со ниска концентрација на фосфати со рH 7.2 и вода за инјекции.

Мерки на претпазливост

BIOLEVOXTM HA мора де се инјектира точно во артикуларниот простор. Не смее да се инјектира во крвен сад или во околното ткиво. Со оглед на тоа дека не постојат клинички податоци за употреба на хијалуронската киселина кај деца, бремени жени и доилки, употреба на BIOLEVOXTM HA кај тие пациенти не се препорачува.

Да не се користи ако шприцот или стерилното пакување е оштетено.
Да се употреби до рокот на употреба што е назначен на пакувањето.
Не се покажани знаци на биоинкопатибилност на производот во тек на испитувањата.
Можна е појава на локални симптоми како црвенило, оток, топлина и болка, кои може да се јават на местото на инјектирање. Овие симптоми може да се ублажат со апликација на ладни облоги на третираната област во времетраење од 5 до 10 минути.
Не постојат достапни податоци во однос на какви било некомпатибилности на производот со други раствори за интраартикуларна апликација.
Да не се користи со кватернерни амониумови соединенија.
Во тек на првите неколку дена од третманот, перорално земање на аналгетици и антиинфламаторни лекови може да биде корисно.

Производот не смее да рестерилизира  или да се аплицира повеќекратно поради ризикот од инфекции и/или вкрстени инфекции и/или нефункционалност на производот.

Начин на апликација и дозирање
Пред апликација кожата да се дезинфицира со користење на соодветни локални антисептични сретства. Шприцот е предходно наполнет, отстранете го Luer-lock затварачот на шприцот и ставете ја соодветната стерилна на игла на Luer-lock затварачот. Пред инјектирање, треба да се отстранат сите воздушни меурчиња од содржината на шприцот.
BIOLEVOXTM HA е наменет за интраартикуларно инјектирање, еднаш неделно со вкупно 3 до 5 интраартикуларни инјекции. Корисниот ефект од 3 до 5 последователни третмани се одржува во тек на најмалку 6 месеци. Во случај на излив во зглобот, се препорачува најпрвин да се намали изливот по пат на аспирација, а потоа да се изврши интраартикуларното инјектирање.

BIOLEVOX TM HA може да го аплицира ислучително само лекар.

Мислења на потрошувачи

Споделете го вашето искуство со овој производ!
Регистрирај се / Најави се