BIOLEVOX HA ONE Хијалуронска киселина, интраартикуларен гел 2,5%, 4.8 мл

BIOLEVOX HA ONE sodium hyaluronate 120mg 2.5% 4,8ml of intra-articular gel in a pre-filled syringe intraartikularen gel  hijaluronska kiselina
BIOLEVOX HA ONE Хијалуронска киселина, интраартикуларен гел 2,5%, 4.8 мл
12.000,00 ден.
0
Производот сѐ уште не е оценет
Категорија
Бренд
Шифра
046317C
favorite_border

Опис на производот

Biolevox™ HA Sodium hyaluronate 120 мг интра-артикуларен гел во наполнeт инјекциски шприц

Индикации:

  • Болка и ограничена подвижност на зглобовите поради трауматски или дегенеративни нарушувања вклучително и остеоартритис
  • Наполенетиот инјекциски шприц со 4.8 мл интра-артикуларен гел посебно е наменет за нарушувања на зглобовите на колената.

Натриум хијауронат е супстанција која е одговорна за вискозноста и еластичноста на синовијалната течност. Како резултат на нејзините лубрикантни и амортизирачки карактеристики, овозможува безболни физиолошки движења. Освен тоа има улога во исхраната на ‘рскавицата.
Дополнување на синовијалната течност преку интраартикуларно инјектирање на натриум хијауронат ги подобрува високоеластичните карактеристики на синовијалната течност. Уште по првото интраартикуларно инјектирање, подвижноста на зглобовите се подобрува и болката од дегенеративните промени се намалува.

BIOLEVOX TM HA може да го аплицира ислучително само лекар. 

Пакување: содржи еден наполнет инјекциски шприц од 4.8 мл во блистер пакување и една стерилна игла (19 G).   
Производител: Biovico Sp.z.o.o. Hutnicza 15 B 81-061 Gdynia Полска.

Содржина

Состав:

1 мл  содржи:

Натриум хијалуронат 25 мг
Натриум хлорид 0.9%  6,5 мг
Динатриум хидрогенфосфат 0.563 мг
Натриум дихидрогенфосфат  0.045 мг
Вода за инјектирање  q.s

Опис: BiolevoxTM HA 2.2% со рH 6.8-7.4 содржи високо молекуларен натриум хијалуронат добиен по пат на бактериска ферментација, од неживотинско потекло. Гелот е стерилен и апироген. Производот е наменет за интра-артикуларна употреба со цел да ја подобри вискозноста на синовијалната течност. 

Начин на апликација и дозирање
Пред апликација дезинфицирајте ја кожата. Земете го наполнетиот инјекциски шприц, отстранете го Luer-lock затварачот на шприцот и поставете ја соодветната стерилна игла (21G). Пред инјектирање, треба да се отстранат сите воздушни меурчиња од содржината на шприцот. 
Терапијата е составена од серија од три интра-артикуларни инјекции, дадени во седмични интервали.  
Корисниот ефект од третманот се одржува во тек на најмалку 6 месеци. Третманот по потреба може да се повтори.

Контраиндикации:
BIOLEVOXTM HA не смее да се користи кај: 

  • пациенти со позната хиперсензитивност на која било од состојките на производот
  • пациенти со септичен артритис
  • пациенти со дерматози на местото за инјектирање
  • пациенти кои земаат антикоагуланси

Мерки на претпазливост: Треба дa се почитуваат сите мерки за претпазливост за да не дојде до појава на септичен артритис. Производот е наменет само за интра-артикуларна употреба. 
За дезинфекција на кожата не смеат да се користат средства за дезинфекција на база на кватерни амониумови соли бидејќи хијауронот може да преципитира во нивно присуство.

Со оглед на тоа дека не постојат клинички податоци за употреба на натриум хајалуронат кај деца, бремени жени и доилки, употреба на BIOLEVOXTM HA кај тие пациенти не се препорачува. 
Производот не смее да се користи ако стерилното пакување на наполнетиот инјекциски шприц е оштетено. Да се употреби до рокот на употреба што е назначен на пакувањето. 
Производот не смее да се рестерилизира. 
Производот е наменет за употреба кај еден пациент во еден термин. 
Да се чува на на температура од +2°С до +25°С, заштитено од сончева светлина и влага.
Да се чува на места недостапни за деца. 

Мислења на потрошувачи

Споделете го вашето искуство со овој производ!
Регистрирај се / Најави се