Бисолвон перорални капки, раствор, 40 мл

Бисолвон перорални капки, раствор, 40 мл
354,00 ден.
0
Производот сѐ уште не е оценет
Шифра
006621C
favorite_border

Опис на производот

Лекот Бисолвон перорални капки е бронхијален муколитик (го раствора разградениот секрет во дишните патишта кој се јавува при некои респираторни нарушувања).

Бисолвон се применува за растворање на секретот кај акутни и хронични болести на бронхиите и белите дробови.

Бисолвон не смее да се дава кај деца на возраст под 2 години, освен под медицински надзор.

Пакување: 40 мл

Содржина

Состав: 1 мл перорални капки, содржи 2 мг бромхексин хидрохлорид.

Помошни супстанции: винска киселина, метил парахидроксибензоат, пречистена вода.

Употреба: Бисолвон перорални капки треба да се зема по оброк со доволна количина течност.

1 мл =15 капки

Возрасни и деца над 14 години: 4-8 мл 3 пати на ден (што одговара на 24-48 мг бромхексин хидрохлорид/ден).

Деца од 6-14 години, како и пациенти со телесна маса под 50 кг: 4 мл 3 пати на ден (што одговара на 24 мг бромхексин хидрохлорид/ден).

Деца од 2-6 години: 2 мл 3 пати на ден (што одговара на 12 мг бромхексин хидрохлорид/ден).

Инхалациона употреба:

Возрасни: 4 мл, 2 пати на ден

Деца над 14 години - 2 мл, 2 пати на ден

Деца од 6-14 години - 1 мл, 2 пати на ден

Деца од 2-6 години - 10 капки, 2 пати на ден

Се препорачува растворот за инхалација да се загрее до телесна температура пред самата инхалација. Пациентите со бронхијална астма треба да се советуваат да ја изведат инхалацијата по земање на нивната редовна бронхоспазмолитичка терапија.

Овој раствор може да се раствори во однос 1:1 со физиолошки солен раствор. Лекот не треба да се употребува подолго од 4-5 дена, без совет од лекар.

Бременост и доење: нема искуство со употреба на лекот за време на бременост, заради тоа како мерка на претпазливост, не се препорачува употреба во текот на бременост.

Активната состојка на лекот се излачува во мајчиното млеко. Иако не се очекуваат несакани дејства кај доенчето, не се препорачува употреба на Бисолвон за време на доење.

Мислења на потрошувачи

Споделете го вашето искуство со овој производ!
Регистрирај се / Најави се