BOSNALIJEK Веносан гел 40 г

BOSNALIJEK Веносан гел 40 г
189,00 ден.
0
Производот сѐ уште не е оценет
Категорија
Бренд
Шифра
005595C
favorite_border

Опис на производот

Веносан гелот содржи три активни компоненти: есцин, есенцијални фосфолипиди и хепарин натриум кои имаат синергистички ефект. Како резултат на антикоагулантниот ефект, хепарин натриум ја подобрува капиларната циркулација во горните слоеви на кожата, го превенира создавањето на микротромби.

Дополнително, хепарин натриум има и делумен анти-инфламаторен ефект (против-воспалителен ефект) и го забрзува процесот на ресорпција во повредените и отечени делови на кожата. Есцин ги тонизира ѕидовите на крвните садови, ја нормализира нивната пермеабилност (пропустливост), го подобрува капиларниот крвоток и лимфната циркулација и протокот на венска крв. Дополнително, есенцијалните фосфолипиди имаат протективна (заштитна) улога врз кожното ткиво.

Веносан гелот се употребува како локална терапија на венскии микроваскуларни промени на екстремитетите асоцирани со придружни знаци и симптоми како појава на модринки, хематоми, отоци, чувство на тежина и болка, грчеви во нозете и сл.

Индикации за употреба на Веносан гелот:

  • Хронична венска инсуфициенција (недоволен проток на крв низ венските крвни садови)
  • Варикозни (проширени) вени
  • Суперфицијален тромбофлебитис (воспаление на површинските вени)
  • Дијабетска микроангиопатија (промени во малите крвни садови кај лица со дијабетес)
  • Венски улцерации (рани по должината на вените обично на долниот дел од нозете)

Дополнително, Веносан гел може да се применува при повреди на меките ткива, вклучително спортски повреди како на пример исчашувања и контузии.

Пакување: 40 г

Содржина

Состав:

1 г содржи есцин 10 г, есенцијални фосфолипиди 10 мг и хепарин натриум 100 ИЕ.

Помошни супстанции: изопропил алкохол, глицерол 85%, триетаноламин, метилпарахидроксибензоат, етилпарахидроксибензоат, пропилпарахидроксибензоат, карбомер, келнска вода, масло од рузмарин, етерично масло од лаванда и прочистена вода. 

Употреба: гелот се нанесува рамномерно, во тенок слој на кожата над заболеното место, 2-3 пати на ден. За побрз ефект се препорачува при апликацијата на гелот да се прави нежна површинска масажа со благи кружни движења во текот на 5 минути.

Мислења на потрошувачи

Споделете го вашето искуство со овој производ!
Регистрирај се / Најави се