МОМЕНТАЛНИ АКЦИИ

Услугата за достава е достапна на територијата на целата држава и истата е бесплатна со нарачка над 1.500 денари.

Имате можност за избор на термин за достава.

 

Бременост во лето

Не е лесно да се преброди бременоста во летните месеци. Бебето расте во вас и тоа е 
прекрасно, но и многу неудобно. 
Се појавуваат отоци, топли бранови, а прекумерната тежина дополнително ја отежнува ситуацијата. 
Тоа не треба да значи дека овој период  ќе биде лош за вас, свртете ја ситуацијата во ваша полза и уживајте во летото со нашите совети.

Многу течност 
Сите знаеме дека треба да пиеме најмалку осум чаши вода дневно. 
Ако обичната вода ви здодеа, ставете во неа парчиња овошје, исцедете лимонов сок или сок од портокал. 
Ова ќе ви помогне да ги надоместите електролитите, кои се губат преку потењето во текот на летото. 
Каде и да одите, носете вода со вас.

Удобна и лесна облека
Избирајте колку што е можно поудобна облека. 
Облеката нека ви биде широка, нап-
равена од материјали како памук и лен.
Со ова кожата ќе може да дише и ќе се намали можноста за појава на осип од потење, кој може да се развие под градите и стомакот.

Отоци 
Топлото време, солта и газираните пијалаци се главни причинители за појава на отоци во бременоста. 
Најпрвин намалете ја солта во исхраната, особено соленото сирење. Заменете ги газираните пијалоци со вода. 
Одморајте почесто, по можност со подигнати нозе.

Сончање 
Малку сончање - да, ама умерено и внимателно. 
Прекумерното сончање во бременоста може да предизвика дехидратација на организмот. 
Поради тоа треба да се избегнува директна изложеност на сонце во периодот од 11 до 17 часот, да се користи крем со висок заштитен фактор, да се носи шапка, да се пие многу вода и да се јаде лесна храна.

Лесни вежби 
Останете физички активни и во текот на бременоста. 
Пливањето е идеална физичка активност во овој период. 
Практикувајте лесни вежби соодветни за бременоста или барем движете се за да ја подобрите циркулацијата. 
Немојте да седите со прекрстени нозе или многу долго да стоите.