Бронктус сируп за кашлица, 120 мл

Бронктус сируп за кашлица, 120 мл
490,00 ден.
0
Производот сѐ уште не е оценет
Бренд
Шифра
043987C
favorite_border

Опис на производот

БРОНКТУС сирупот помага:

  • За смирување на сува непродуктивна иритирачка кашлица пропратена со воспаление во грлото; при настинка, грип или вирусни инфекции пропратени со кашлица кај возрасни,
  • За искашлување –кога кашлицата е пропратена со зголемен бронхијален секрет помага во негово полесно исфрлање со разводнување на секретот,
  • Кај хроничен бронхитис, како додаток на стандардната терапија.

Активни состојки на Бронктус сирупот се прополис – сув екстракт, багремов мед Ehinacea purpurea-сув екстракт, Grindellia-течен екстракт, Tolu балсам, Licorice-екстракт.

Медот и прополисот – најчесто се користат за отстранување на горните и долните респираторни воспаленија и делуваат смирувачки на кашлицата. Општо е познато дека медот и прополисот имаат силно антимикробна, антибактериска и анти-воспалителни активност. Медот смирува сува, иритирачка кашлица и го олеснува искашлувањето.

Ehinacea purpurea – го зајакнува имунолошкиот систем и се препорачува како  превентивна мерка на луѓе со ослабен имунитет или под зголемен стрес, физички или психички напор.

Licorice Glycyrrhiza glabra -сладок корен - е респираторен демулцент кој делува антиимфламаторно на респираторниот тракт ја зголемува мукоцилиарната активност, односно формира тенок слој кој механички ја штити слузница на грлото и дишните патишта од дразби кои го предизвикуваат рефлексот на кашлање и на тој начин смирува сува и надразнителна кашлица.

Grindelia-моќен експекторанс кој помага во отстранување на конгестијата која што може да се појави при хроничен бронхитис, астма и бронхијална опструкција.

Tolu балсам содржи состојки кои помагаат дa се отстрани конгестијата односно делува како експекторанс.

Пакување: 120 мл

Содржина

Употреба:

Препорачаната доза изнесува 10 мл на ден.

Шишето добро да се протресе пред употреба.

Да не се надминува дневната препорачана доза.

БРОНКТУС сирупот содржи мед, и не се препорачува кај лица алергични на производи од пчели.

Сирупот содржи конзерванс натриум бензоат кој може да предизвика алергиски реакции.

БРОНКТУС сирупот не е наменет за употреба кај деца.

Мислења на потрошувачи

Споделете го вашето искуство со овој производ!
Регистрирај се / Најави се