CANPOL Дизајнирано шише (3+ месеци) 120 мл

CANPOL Дизајнирано шише (3+ месеци) 120 мл
111,00 ден.
0
Производот сѐ уште не е оценет
Бренд
Шифра
022392C
favorite_border

Во моментов услугата за достава е достапна само во град Скопје

Опис на производот

  • Наменето за деца над 3 месеци
  • BPA FREE (не содржи Бисфенол А)

Пакување: 120 мл

Содржина

Состав: шишето е направено од тритан кополиестер, капачето и дискот од полипропилен (пластика) и цуцлата од силикон. Шишето е направено од тритан - материјал кој не содржи бисфенол А и е безбеден за деца. Canpol шишето е дизајнирано со помош на советите добиени од искусните мајки и затоа Canpol шишето ќе му овозможи на вашето дете успешно и лесно да ја замени мајчината града и да премине на исхрана од шише.

Начин на одржување: Пред секоја употреба измијте ја цуцлата и шишето со користење на нежен сапун и топла вода, а потоа темелно исплакнете со топла вода. Не ги ставајте шишето и цуцлата во машина за миење садови бидејќи детегрентите можат да го оштетат производот. Не користите средства за дезинфекција или јаки детергенти. Производот не го вријте и не го стерилизирајтe.

Начин на употреба: шишето е наменето за деца над 3 месеци. Не го стегајте премногу прстенот за затварање на шишето, бидејќи тоа може да ја наруши вентилацијата на цуцлата. Никогаш не ги проширувајте дупките за проток на цуцлата со било какви средства, бидејќи со тоа може да се оштети цуцлата.

Овие шишиња се користат и во периодот кога детето комбинирано се исхранува (со мајчино млеко и вештачко млеко). Може да се користи за млеко, чај, сок и други напитоци.

Обликот на шишето му овозможува на детето само да го држи шишето, а цуцлите за овие шишиња се со индентичен облик на мајчината града. Ефективниот вентилен систем на цуцлата има антиколичен ефект (го спречува голтнувањето воздух при цицање и на тој начин ги намалува стомачните грчеви на детето). Кога ја затоплувате храната во микропечка, запомнете да го оставите шишето отворено. Препорачливо е да се замени цуцлата максимум по 3 месеци употреба.

Предупредување: Секогаш употребувајте го овој производ под надзор на возрасен.

Мислења на потрошувачи

Споделете го вашето искуство со овој производ!
Регистрирај се / Најави се