CANPOL Дизајнирано стаклено шише (3+ месеци) 120 мл

CANPOL Дизајнирано стаклено шише (3+ месеци) 120 мл
136,00 ден.
0
Производот сѐ уште не е оценет
Бренд
Шифра
022396C
favorite_border

Во моментов услугата за достава е достапна само во град Скопје

Опис на производот

  • Наменето за деца над 3 месеци
  • BPA FREE (Не содржат Бисфенол А)

Canpol стакленото шише е дизајнирано со помош на советите добиени од искусните мајки и затоа Canpol шишето ке му овозможи на вашето дете успешно и лесно да ја замени мајчината града и да премине на исхрана од шише. Овие шишиња се користат и во периодот кога детето комбинирано се исхранува (со мајчино млеко и вештачко млеко).

  •  Може да се користи за млеко, чај, сок и други напитоци

Обликот на шишето овозможува детето само да го држи шишето, а цуцлите за овие шишиња се со индентичен облик на мајчината града. Ефективниот вентилен систем на цуцлата има антиколичен ефект (го спречува голтањето воздух при цицање и на тој начин ги намалува стомачните грчеви на детето).

Сликата од производот, односно бојата на производот е од информативен карактер и може да варира. Нагласете во забелешка доколку е за момче или девојче!

Пакување: 120 мл

Содржина

Состав: стакло, полипропилен и силикон.

Начин на одржување: Пред првата употреба измијте го шишето а потоа ставете го во врела вода 5 минути, или стерилизирајте го во електричен стерилизатор или стерилизатор на пареа.

Предупредување: Прегледајте го внимателно производот пред секоја употреба. Повлечете ја цуцлата во сите правци, посебно ако детето има заби. Фрлете ја при првите знаци на оштетување или омекнување. Не го стегајте премногу прстенот за затварање на шишето, бидејќи со тоа може да се наруши вентилацијата на цуцлата.

Никогаш не ги проширувајте дупките за проток на цуцлата со било какви средства, бидејќи со тоа може да се оштети цуцлата.

Препорачливо е да се замени цуцлата максимум по 3 месеци употреба.

Мислења на потрошувачи

Споделете го вашето искуство со овој производ!
Регистрирај се / Најави се