COLIEF Капки, 7 мл

COLIEF Капки, 7 мл
720,00 ден.
0
Производот сѐ уште не е оценет
Бренд
Шифра
018198C
favorite_border

Во моментов услугата за достава е достапна само во град Скопје

Опис на производот

Colief® капките за новороденчиња ефикасно го намалуваат повеќечасовното плачење, на тој начин што се додаваат 4 капки во мајчиното или адаптираното млеко, при секој оброк на бебето.

Colief капките за новороденчиња – Капки со ензим лактаза:

  • Ги смируваат грчевите
  • Ја намалуваат напнатоста на стомакот
  • Го олеснуваат искористувањето на јаглехидратите од млекото
  • Помагаат во разградување на лактозата до галактоза и глукоза
  • Влијаат пријатно на дигестивниот систем
  • Го спречуваат создавањето на прекумерни гасови во цревата 
  • Нивото на издишен водород се намалува за 47.8% 
  • Го намалуваат времетраењето на плачењето
  • Времето на плачење е скратено за 44.3%

Пакување: 7 мл

Важни информации за Colief® капките за новороденчиња:

  • Капките дејствуваат ако се додадат на млекото, а не директно на бебето
  • Најдобро дејствуваат на телесна температура
  • По отворањето се чуваат во фрижидер
  • Може да се употребуваат до 3 седмици по отворањето
  • Немаат несакани и споредни ефекти
  • Се дозираат според СЗО нормите за хранење на доенчиња, со додавање во секој млечен оброк
  • При предозирање може да се забележи изразено лаксативно дејство
  • Се произведуваат во Ирска од генетски немодифицирани производи, во согласност со GMP стандардите
  • Се произведуваат од фермент од габички и не содржат растителни или животински продукти, конзерванси и бои
  • Го содржат единствениот патентиран ензим за хумана употреба -лактаза
  • Одобрени се од ACBS (Advisory Committee on Bordeline Substances) В.Бр
  • Одобрени се од Асоцијацијата на британски педијатри
  • Едно флаконче содржи 7 мл, 160 капки, доволни за 40 хранења

Содржина

Употреба:

  • Доење:

Во 15 мл мајчино млеко се додаваат 4 капки Colief. Третираното млеко му се дава на бебето, а потоа се продолжува со вообичаено доење.

  • Адаптирано млеко:

Оброкот приготвен според упатството на производителот, се третира со 4 капки Colief и после 30 минути се храни бебето. Храната мора да биде на температура на телото.
Ако е потребно храната да се приготви претходно, се додаваат 2 капки Colief и се чува во фрижидер, најмалку 4 часа, за да може ензимот да делува. Храната може да се употреби за најмногу 12 часа, при што пред употреба мора да се загрее на телесна температура.

Предупредување:  
Остатоците од храната се фрлаат.
Капките содржат ензим лактаза, кој се уништува на висока температура.
Дневната доза за 7 хранења е 28 капки, а за 6 хранења е 24 капки – да не се пречекорува препорачаното дозирање.

Мислења на потрошувачи

Споделете го вашето искуство со овој производ!
Регистрирај се / Најави се