DAIWA PHARMACEUTICAL CO БиоБран МГН-3, 250 мг, 50 таблети

Daiwa Pharmaceutical Co BioBren MGN-3, 50 tablets bio bren
DAIWA PHARMACEUTICAL CO БиоБран МГН-3, 250 мг, 50 таблети
3.339,00 ден.
0
Производот сѐ уште не е оценет
Категорија
Шифра
006520C
favorite_border

Опис на производот

Daiwa Pharmaceutical Co BioBren MGN-3 Биобрен е додаток во исхраната.

  • Оризови влакна на арабиноксилан

Пакување: 50 таблети.

Производител: Daiwa Pharmaceutical Co. Ltd, Tokyo, Јапонија.

BioBran MGN -3 е нетоксичен, глуконутритивен додаток во исхраната добиен со разложување на оризовите влакна со помош на ензими од Шитаке печурки и со над 50 базични и клинички стидии е докажано дека ја подобрува активноста на одбранбените клетки во организмот. Овој уникатен, патентиран MGN- 3 арабиноксилан комплекс е толку успешен во подобрувањето на активноста на имунолошкиот систем, што проф. M.Ghoneum од Drew University of Medicine and Science тврди: “Повеќе од 30 години истражувам имуномодулатори и BioBran MGN – 3 е еден од најмоќните имунолошки комплекси што сум ги тестирал досега.”

Ензимите и дигестивните сокови ја разложуваат храната што ја внесуваме во дигестивниот систем на помали состојки, за да можат потоа да се ресорбираат низ ѕидот на тенкото црево во крвотокот. Протеините се разградуваат на пептиди и аминокиселини, јаглехидратите на олигосахариди и декстроза (глукоза), додека мастите на глицерол и масни киселини. Растителните влакна, од друга страна пак, остануваат како нерастворливи и недигестирани само минуваат низ дигестивниот систем. Растителните влакна со помала молекуларна маса, сепак можат да се ресорбираат низ ѕидот на тенкото црево во циркулацијата.  BioBran MGN – 3 целосно се ресорбира во тенкото црево и непроменет влегува во крвотокот каде што делува врз одбранбените клетки (НК кл., Т и Б лимфоцитите, макрофагите), односно ги активира.

BioBran MGN – 3 е оригинален јапонски производ, произведен од страна на Daiwa Pharmaceutical во Токио, која има развиено уникатен и патентиран процес при кој оризовите лушпи се парцијално хидролизирани, користејќи ензими од Шитаке печурки и при тој процес се добива природна мешавина од хемицелулози, од кои најважен е арабиноксилан комплексот или b – 1,4 xylophyronase hemicellulose. BioBran MGN – 3 содржи полисахариди со пократки синџири, што му овозможува на организмот полесно да ги ресорбира, без несакани или токсични ефекти. Иако во процесот на производство се користат ензими од печурки, крајниот производ не содржи печурки и е со таква чистота, што е безбеден за употреба од страна на лица со алергија или нетолеранција на печурки.

Содржина

Состав во 1 таблета: МГН- 3 арабиноксилан спој 250 мг, микрокристална целулоза (81 мг), пченкарен скроб (42.5 мг), какао прав (22.5 мг), глицерол естри на масни киселини (22.5 мг), декстрин (13.5 мг), трикалциумфосфат (9 мг), силициум диоксид (9 мг).

Употреба: 4 таблети на ден (1 г), после јадење. За зголемување на дозата потребна е консултација со лекар. Задолжително е придржување на препорачаната дневна доза.

Внимание: Да се чува на суво и ладно место и надвор од дофат на деца. Производот не е надомест или замена на урамнотежена исхрана.

 

Мислења на потрошувачи

Споделете го вашето искуство со овој производ!
Регистрирај се / Најави се